Достапни линкови

Тошак заминува од селекторското место


По една година мината на клупата како селектор на Македонија, Џон Тошак денеска ја одржа и последната прес-конференција на која присуствуваше и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски. Тошак истакна дека спогодбено се договорил со новото раководство за раскин на договорот и оти новите услови кои ги побарал од него претседателот на ФФМ, Ѓорѓиоски биле неприфатливи.

„Го разбирам новото раководство на ФФМ, си имаат своја визија за развој на фудбалот, но на состанокот во петокот имавме различни ставови. Затоа и решивме да направиме спогодбен раскин на договорот“, изјави Тошак.

Претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски изјави дека новиот селектор ќе биде назначен по пријателскиот натпревар со Литванија, што Македонија го игра в среда во Скопје. Комитетот ќе реши кој ќе го води натпреварот в среда, а тоа ќе биде еден од досегашните помошници на Тошак, Бобан Бабунски или Гоце Седлоски.
XS
SM
MD
LG