Достапни линкови

67 годишнина од атомската бомба врз Нагасаки


Нагасаки

Нагасаки

Градоначалникот на Нагасаки Томихиса Тауе денеска побара Јапонија да биде ослободена од нуклеарните страхувања, вклучувајќи ги и оние од несреќите на нуклеарните централи. Тој ова го побара за време на одбележувањето на 67 годишнината од атомската бомба што Соединетите држави ја фрлија врз Нагасаки на крајот од Втората светска војна, пришто загинаа над 74 илјади луѓе. Три дена претходно, на 6 август 1945 година американците фрлија атомска бомба врз Хирошима. На комеморацијата во Нагасаки учествуваше и јапонскиот премиер Јошихико Нода кој побара забрана на нуклеарното оружје во светот.
XS
SM
MD
LG