Достапни линкови

Под влијание на рекламите не ја забележуваме кризата


Владата ја сфати моќта на рекламата, постојано не бомбардира со реклами и ние сега ја примаме економската стабилност само преку пи-арот, а не и практично, вели бизнисменот Зоре Темелковски.

Падот на индустриското производство, се уште големиот трговски дефицит, проекцијата за раст на брутодомашниот производ од еден процент, наместо планираните два насто, според Владата не се податоци кои треба да не загрижат. Смирувачките тонови од властите дека економската ситуација во земјава е стабилна и дека Македонија најлесно ја поднесе светската економска криза, според експертите, е само добро менаџирање на економската криза со домашно-буџетската потрошувачка. Ние преживуваме бомбардирани од реклами, вели стопанственикот Зоре Темелковски.
Сега Владата го исцедува домашното стопанство во целост, прибира пари во Буџетот и вика ние имаме буџетска дисциплина и парите си ги трошиме внатре, му даваме на Зоре да направи два споменика. Владата ја сфати моќта на рекламата, она не бомбардира постојано со реклами и ние сега ја примаме економската стабилност само преку пи-арот, а не и практично.
Зоре Темелковски, стопанственик.

„Сега Владата го исцедува домашното стопанство во целост, прибира пари во Буџетот и вика ние имаме буџетска дисциплина и парите си ги трошиме внатре, му даваме на Зоре да направи два споменика. Владата ја сфати моќта на рекламата, она не бомбардира постојано со реклами и ние сега ја примаме економската стабилност само преку пи-арот, а не и практично“, вели Темелковски.

Големиот трговски дефицит во земјава е резултат на намалените извозни можности. Светската економска криза директно се почувствува на европските пазари, а поради откажаните порачки, се намалува обемот на аутпутот и се отпуштаат работници во македонските претпријатија, анализира професор Христо Карталов.

„Има еден голем дел од увозната зависност којшто без некоја посебна стратегија го толерираме, а тоа е увозот на храна и прехранбени артикли, којшто во домашниот опус на нештата можеме да го произведеме, да бидеме конкурентни и да го извеземе, а ние тоа не го правиме“, вели Карталов.
Има еден голем дел од увозната зависност којшто без некоја посебна стратегија го толерираме, а тоа е увозот на храна и прехранбени артикли, којшто во домашниот опус на нештата можеме да го произведеме, да бидеме конкурентни и да го извеземе, а ние тоа не го правиме.
Христо Карталов, универзитетски професор.

Увозната зависност е наша реалност, но само со селективен пристап во увозната стратегија може да се зголеми извозот. Ваквиот тренд може да се избегне доколку државата пронајде начин за мотивирање на стопанските субјекти да го зголемат извозот, сугерира Христо Карталов.

Растот на трговскиот дефицит подразбира одлив на пари од државата, објаснуваат економските аналитичари. Проблем во целата работа е дека колку повеќе имате разлика, односно дефицит, толку повеќе ви се одлеваат девизи од земјата, а практично се трошат девизните резерви и сите фондови што ги имате, објаснуваат економските аналитичари.

Странските инвеститори неретко се посочувани како потенцијално решение за санирање на малата покриеност на увозот со извоз.

„Во кризни периоди само реинвестирањето и инвестициските пари носат сигурност, стабилност и развој“, вели Темелковски.

Една од причините за неискористениот потенцијал на извозот во земјата е конкурентноста на македонските производи. Експертите посочуваат дека македонските производи треба да бидат поконкурентни, како во смисла на цената, во смисла на квалитетот, стандардите кои Европската унија ги бара од мали земји кои имаат аспирации да станат големи извозници во рамките на нејзиниот голем пазар. Според последните статистички податоци, трговскиот дефицит во периодот јануари-јуни 2012 година изнесува 1.250.908.000 долари, а покриеноста на увозот со извоз 60,8 отсто. Според Државниот завод за статистика, трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на фероникелот, катализаторите на носачи со благородни метали или нивните соединенија, преработките од нафта, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, електричната енергија, другите моторни возила за превоз на лица, рудите на никел и нивните концентрати и платината и легурите на платина, необработени или во прав.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG