Достапни линкови

logo-print

За земјоделците лошо, за владата се е во ред


Премиерот Никола Груевски на жетва во Пелагонија на 21 јули 2012.

Премиерот Никола Груевски на жетва во Пелагонија на 21 јули 2012.

Според земјоделците, приносите на жито во одредени региони се преполовени, а договорената цена од 14 денари за килограм е ниска. Премиерот, пак, смета дека цената е добра и има мало намалување на родот.

Земјоделците и премиерот Никола Груевски дадоа различни согледувања на состојбите со годинешната жетва. Според земјоделците, приносите на жито во одредени региони се преполовени, а договорената цена од 14 денари за килограм е ниска. Премиерот, пак, смета дека цената е добра и има мало намалување на родот.
Под 15 денари нема да ја даваме пченицата зашто лошо беше поникнувањето, имаше големи жештини, приносите се мали. Како и претходните години, пченицата ќе ја носиме на чување зашто не сме задоволни од откупната цена.

Според Драги Мицковски, претставник на земјоделците од пелагонискиот регион во прилепскиот дел на Пелагонија, која е најголема житница во Македонија, сушата ги намали приносите за половина. Во битолско, пак, неповолните временски услови предизвикаа оштетувања до 30 отсто кај житните посеви. Лани приносите достигнуваа до 4.000 илјади килограми по хектар, а годинава одвај над 3.000.
Премиерот Никола Груевски на жетва во Пелагонија.

Премиерот Никола Груевски на жетва во Пелагонија.


„Почна жетвата, а приносите се многу слаби. Треба да размислат млинарите да си купат побрзо пченица. Ние земјоделците кажуваме јавно дека под 15 денари нема да ја даваме пченицата зашто лошо беше поникнувањето, имаше големи жештини, приносите се мали. Како и претходните години, пченицата ќе ја носиме на чување зашто не сме задоволни од откупната цена“, изјави Мицковски.

Премиерот Никола Груевски, кој деновиве ја посети Пелагонија, изјави дека приносите се малку намалени, но затоа, пак, таквата состојба ќе се компензира со добрата откупна цена на житото.

„Оваа година имаме мало намалување на приносот, меѓутоа има многу поголема цена, да не речам одлична, а земјоделците имаат прогноза дека уште малку и ќе порасни таа цена. На некој начин ќе дојде до компензирање на тоа што приносот е нешто помал поради зимата, но затоа имаме малку намален принос. Но, затоа имаме доста подобри цени, кои порано ги посакуваа земјоделците, но ги немаа. И владата помогна со увозот врзан за домашното жито и слично“, изјави Груевски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG