Достапни линкови

Невработеност, сиромаштија, плати кои стагнираат, цени кои растат, со вакво секојдневие живее македонскиот граѓанин.

Дипломиран стоматолог со работна лиценца итно бара работа во приватна ординација. Сериозна жена со работна искуство на возраст од 50 години бара работа за чување деца. Машко лице со хендикеп бара каква било работа која што ќе може да ја извршува од дома, вели дека има познавање на основно работење на компјутер и прифаќа да работи и нешто што не е поврзано со компјутер само доколку може да ја извршува работата од дома затоа што не може да се движи.
Единствено што не спасува е тоа што по традиција се снаоѓаме, дома чуваат некои живинчиња, одгледуваат бавчички, нивички, се крпат.

Девојка која во огласот напишала дека има 24 години и се вика Сунчица, бара итно да се вработи додавајќи дека би прифатила да работи и како чистачка. Миодраг во својот оглас им се обраќа на, како што вели, хуманите работодавачи, барајќи од нив да покажат милост и да го вработат затоа што тој треба да ја издржува својата 85-годишна мајка и болната сестра која двапати неделно мора да оди на дијализа.
Скоро единствен. Жена ми исто е технолошки вишок, таа зема 4.000 денари преку бирото зашто беше над 25 години вработена, татко ми е со мене, тој зема околу 7.000 денари пензија, со него ги плаќам комуналиите, со ова за храна, другите ги собирам за дрва, такви ми се условите, можам, имам каде да ги чувам дрвата за огрев и се крпиме.

Ваквите пораки ги исполнуваат огласниците, па се добива впечаток дека бројот на невработени расте. Една третина од населението се води како невработено, голем дел од нив се обидуваат на секој начин да дојдат до пари за да можат да се прехранат себе си и своето семејство. Многу млади пишуваат семинарски и есеи за пари, може да сретнете разни огласи за козметички третмани кои жени ги извршуваат во своите домови за евтини цени.

Според податоците на Државниот завод за статистика во Македонија бројот на работоспособно население изнесува 949 илјади лица, но само 645 илјади лица се во работен однос, а околу 300 илјади лица се невработени.

Ова бројка на невработени во изминатиов период е променлива, лани во јануари имало 322.053 невработени, а заклучно со декември нивната бројка изнесува 281.144. Во мај годинава таа бројка се симнала на 266.832 невработени лица.

Животот станува поскап, платите стагнираат
Издржувам семејство, но со големи откажувања, седам максимално на тезгава колку што може, секој ден по 10-12 часа, во зима на минус, сега на плус, на ветер, на дожд, одморот ми е мисловна именка веќе 30 години. Никогаш не било доволно, никогаш не стигнувало со работничка плата.

Зборувавме со еден продавач на книги кој вели дека со години со сила прави убавина, работа не може да најде, годините си врват, па се обидува да преживее, зиме и лете деновите ги поминува на Кејот на Вардар, продавајќи стари книги. Со парите што ги заработува тој, неговата сопруга и пензијата од татко му може да си дозволи само школување на децата, да ги плати сметките и да купи основи намирници.

„Единствено што не спасува е тоа што по традиција се снаоѓаме, дома чуваат некои живинчиња, одгледуваат бавчички, нивички, се крпат.“

РСЕ: Ова ви е единствен приход во семејството?

„Скоро единствен. Жена ми исто е технолошки вишок, таа зема 4.000 денари преку бирото зашто беше над 25 години вработена, татко ми е со мене, тој зема околу 7.000 денари пензија, со него ги плаќам комуналиите, со ова за храна, другите ги собирам за дрва, такви ми се условите, можам, имам каде да ги чувам дрвата за огрев и се крпиме.“
35 години имам стаж, не ми даваат пензија, требало да чекам до 62 години, со што да јадам, струја и вода со што да платам, телевизија не сум платила, телефонот ми го исклучија поради неплаќање, не можам за јадење да извадам, нели треба да идам со автобус, не ли треба да јадам, нели треба да се облечам, прашок, сапун да купам, јас немам ништо. Ако извадам 100 денари за јадење добро, ако не – не. Плачејќи си одиме дома, секој ден пешки си одиме, од тука до Топанско Поле, секој ден пешки.

Вели дека низ годините животот стана поскап, цените за основните животни трошоци и не се многу високи, но парите со кои располага често не стигнуваат за мирно да помине месецот.

„Издржувам семејство, но со големи откажувања, седам максимално на тезгава колку што може, секој ден по 10-12 часа, во зима на минус, сега на плус, на ветер, на дожд, одморот ми е мисловна именка веќе 30 години. Никогаш не било доволно, никогаш не стигнувало со работничка плата.“

Баба Павлина има 35 години стаж, но сега мора да живее од парите заработени од продажба на цвеќе на Зелениот пазар во Скопје, наместо од пензија, а тие пари не и се доволни за живот.

„35 години имам стаж, не ми даваат пензија, требало да чекам до 62 години, со што да јадам, струја и вода со што да платам, телевизија не сум платила, телефонот ми го исклучија поради неплаќање, не можам за јадење да извадам, нели треба да идам со автобус, не ли треба да јадам, нели треба да се облечам, прашок, сапун да купам, јас немам ништо. Ако извадам 100 денари за јадење добро, ако не – не. Плачејќи си одиме дома, секој ден пешки си одиме, од тука до Топанско Поле, секој ден пешки.“

Потрошувачка кошница значително поголема од просечната плата
Јас сум пензионерка со 5000 денари пензија. Трошиме 3000, речиси 4000 само за сметки. Сега помалку ќе трошиме за да ги платиме сметките, тоа најмногу не удри по џебот што се вели.

Вработен или невработен, пензионер или студент, речиси сите си имаат мака, не можат да го следат трендот на поскапување, па полека тонат во долгови.

Луѓето повеќе не може да се растргнат и да ги расчистат трошоците и поскапувањата, а тие не се минорни. Граѓаните имаат сè помалку пари, животот станува поскап, а платите одамна не ја следат цената на животните трошоци. Потрошувачка кошница е значително поголема од просечната плата, а од наредниот месец стартуваат и нови поскапувања.
Не можеш помалку да купуваш, ќе мора од нешто друго да се скрати за да се дополни тоа, храната не може да се скрати. Немаме ние никаков стандард, ние преживуваме.

„Јас сум пензионерка со 5.000 денари пензија. Трошиме 3.000, речиси 4.000 само за сметки. Сега помалку ќе трошиме за да ги платиме сметките, тоа најмногу не удри по џебот што се вели.“

„Не можеш помалку да купуваш, ќе мора од нешто друго да се скрати за да се дополни тоа, храната не може да се скрати. Немаме ние никаков стандард, ние преживуваме.“

Значи претерано е скапо парното, кога ќе ми дојде сметка за парно, мене главам ме боли. Неверојатно е скапо. Само за струја и парно повеќе од 6000 даваме, за струја 2000 и за парно 4500, а каде се другите работи. Ние навистина планираме да го исклучиме парното.
Луѓето загрижено коментираат за најaвеното поскапување на електричната енергија, храната и сè останато, зашто велат дека платата нема да им биде доволна. Социјалните семејства добиваат по 600 денари месечно за струја, по 1.000 денари доколку имаат деца кои одат на училиште, а оние што имаат зголемени трошоци може да добијат еднократна парична помош во зависност од случајот. Основната социјална помош изнесува 2.000 денари, а бројот на семејства што користат постојана социјална помош, во просек, изнесува околу 65.000.

Сиромаштијата тропа на врата кај многу семејства

На радио се вратат реклами за банки кои нудат кредити со кои граѓаните би можеле да си ги исплатат долговите и кредитните картички во другите банки, односно банката во рекламата им нуди можност да должат само на едно место наместо на неколку. Можноста да не должиш никому како да е целосно заборавена.

Ние не можеме да излезема на крај, среќа синот што ни помага, инаку вака нема шанси, многу е, претерано е.
Македонските граѓани најмногу се задолжуваат ва банка за потрошувачки кредити, а земено во просек секој Македонец должи по 660 евра во банка. Вкупната задолженост на граѓаните во февруари годинава достигна до 1,32 милијарди евра, а повеќе од една третина од кредитите за население или 480 милиони евра се земени за тековни трошоци на домаќинствата. Ако на тоа се додадат и кредитите од кредитните картички кои заклучно со февруари достигнуваат до 192 милиони евра, произлегува дека половина од вкупната задолженост на граѓаните се должи на позајмици за основна егзистенција, за купување на предмети за домаќинствата, за плаќање сметки, за студирање и за одмори.

Аналитичарите коментираат дека структурата на задолженоста на македонското население покажува дека стандардот на граѓаните е многу низок и тие имаат потреба да позајмат пари од банките само за да преживеат.

Барем лебот да не поскапе. Јас за разходи давам околу 5500, 6000 илјади, ама сега по се изгледа ќе треба да давам повеќе. Ни ветуваа и поголеми плати, ама ништо од тоа.
Додека официјалната статистика покажува едни бројки, животот ни укажува на една друга реалност, односно дека за плаќање на секојдневните трошоци секогаш ни се потребни двојно повеќе пари од оние што ги имаме во рака. На секој граѓанин во Македонија кој според податоците на заводот живее со просечна плата од 20-тина илјади денари, потребни му се најмалку 9 илјади денари за да ги подмири основните месечните животни трошоци. Но во реалноста потребни се повеќе пари од тоа.

Над 40 отсто се качени цените до лани, ако се земе некаква статистика. И прехрамбените продукти, леб, млеко, зејтин се е поскапено. Е, како се саноѓаме, се позајмуваме, се позајмуваме.
Минатата година, Сојузот на синдикатите не се согласи со заводот за статистика и направи своја пресметка на потрошувачката кошничка, базирана на основните трошоци на едно домаќинство. Според синдикални пресметки, за нормално, а не луксузно задоволување, за вкупните потреби на едно семејство му се потребни, 30 илјади денари. Од оваа сума 42,27 отсто се за храна, 30,88 отсто за домување, 7,2 отсто за хигиена, 8 отсто за превоз, 6,2 отсто за обувки, 3,7 отсто за кулутура и 1,8 отсто за лекови.

Само во изминативе неколку години, односно од 2005 до 2011 година според калкулаторот на Државниот завод за статистика трошоците за животот се зголемиле за точно 20 отсто.

Според тоа, годинава цените на производите и на услугите што влегуваат во месечната потрошувачка на едно домаќинство се за една петтина повисоки отколку во истиот месец во 2005 година. Во истиот период просечната бруто-плата пораснала од 21.788 денари на 30.340 денари, или за 28 отсто. Слично зголемување од околу 9.000 денари има и кај просечната исплатена нето-плата.

Кога самите приходи се ограничени, а од друга страна стапката на невработеност не се намалува, тоа значи дека истата структура на луѓе кои работат со ограничени приходи да можат да купуваат помалку производи како резултат на тоа што има повисоки цени.
Од следниот месец нови ценовни шокови

Полека, полека си ги намалуваат расходите. Ако оделе на одмор 10 дена, сега се оди 7 дена. Меѓутоа факт е дека не можеме да тврдиме дека подеднакво сите остануваа на потрошувачката што ја имале претходно. Понекогаш има социолошки или психолошки тврдења дека во услови на криза се зголемува потрошувачката по кафаните итн, но факт е дека потрошувачката на она што им треба на граѓаните се намалува, се помалку се купуваат автомобили, станови, се повеќе луѓе имаат помалку пари да си платат сметки.
Процентуално, во изминативе шест години платите пораснале повеќе отколку што растеле цените на производите и услугите. Но ова треба да се земе со голема резерва затоа што она што е на хартија не секогаш соодвестува со реалноста, односно методологијата со која се пресметуваат индексите на трошоците на животот, се пресметува врз листа на производи и услуги од личната потрошувачка на домаќинствата кои не ги отсликува секогаш реалните потреби и реалните трошоци за основни прехранбени производи, комуналии, струја, греење и други потреби на едно просечно македонско домаќинство. Дополнително проблем во целата слика е и тоа што тоа што порастот на платите главно е резултат на зголемувањето на платите во државната администрација и поради тоа што повеќе од половината вработени во земјава земаат плата што е многу пониска од сегашниот просек. Најдобар показател за тоа е што само во преработувачката индустрија и во земјоделскиот сектор, каде што работат околу 245.000 граѓани, платите се движат под или околу 15.000 денари, што е за приближно 100 евра помалку отколку македонскиот просек.

Пред само неколку дена Регулаторната комисија соопшти дека од 1 август електричната енергија ќе поскапи за 9,83 отсто, а цената на парното греење ќе биде поскапа за речиси 4 проценти. Дополнително за утеха комисијата истакна дека можело да биде и полошо затоа што ЕВН и ЕЛЕМ побарале поскапување на струјата од приближно 20 отсто, а „Топлификација“, пак од фантастични 36,45 отсто а Регулаторна не ги прифатила во целост нивните барања.
Потрошувачите реагираат на секое поскапување, сметат дека ова е нов удар врз животниот стандард. Најпогодени ќе бидат сиромашните и невработените. Секое лето Регулаторна ги шокира граѓаните со одлуките за нови цени на парното и на струјата а граѓаните предупредуваат дека тешко ќе го издржат ценовниот шок

Таа може само да се ублажи во смисла на поправична распределба на ресурсите во државата кај ранливите групи, оние кои навистина не се во можност по никоја основа да дојдат до некоја заработувачка или да дојдат до еден нормален живот. Вториот момент е распределба на јавното добро, да речеме од транспорт до она што се нарекува на некој начин јавна потрошувачка и тука може државата да интервенира, да ги ублажува ударите на сиромаштијата кај ранливите групи.
„Значи претерано е скапо парното, кога ќе ми дојде сметка за парно, мене главам ме боли. Неверојатно е скапо. Само за струја и парно повеќе од 6.000 даваме, за струја 2.000 и за парно 4.500, а каде се другите работи. Ние навистина планираме да го исклучиме парното.“

„Ние не можеме да излезема на крај, среќа синот што ни помага, инаку вака нема шанси, многу е, претерано е.“

Барем лебот да не поскапува

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски на прес-конференција вети дека доколку има потреба, Владата, преку обезбедување одредена количина македонска пченица од стоковните резерви, ќе интервенира за да се задоволат домашните потреби и да се спречи евентуално зголемување на цената, а по тој основ и поскапувањето на лебот како финален производ.
Но граѓаните како да не веруваат во тоа, велат дека полека на мала врата цената се менува и дека нема да можат да го издржат и тој шок.

„Барем лебот да не поскапе. Јас за расходи давам околу 5.500, 6.000 илјади, ама сега по се изгледа ќе треба да давам повеќе. Ни ветуваа и поголеми плати, ама ништо од тоа.“
Наместо на море, на градска плажа.

Наместо на море, на градска плажа.


„Над 40 отсто се качени цените до лани, ако се земе некаква статистика. И прехранбените продукти, леб, млеко, зејтин се е поскапено. Е, како се саноѓаме, се позајмуваме, се позајмуваме.“
Моментално сите средства што се добиваат или во форма на грантови или во форма на кредити, од страна на владата се трошат за непродуктивни проекти. Од тие проекти ќе нема повраток на инвестираното, туку е само на маркетиншки план, а сето тоа подоцна може да резултира со социо–економски проблеми.

Новите поскапувања на цените на струјата, на парното, стравот дека може да поскапи и лебот, ги тера луѓето да ги менуваат своите навики но дополнително им создава фрустрација, затоа што не можат да искочат на крај. Едноставно, на поскапувањата им се пркоси со промена на животниот стил и тоа на сметка на задоволствата и убавите работи.

Според Државниот завод за статистика, за животните трошоци во последниве три години, ќе се види дека колку повеќе пари морале да се одвојат за храна и за покривање на трошоците за домување, чии цени најмногу пораснаа, толку се скусувало на облека и обувки, на подновувања во домот и особено на рекреација и култура. Се штедело на алкохол и цигари, се намалиле и транспортните трошоци иако станаа повисоки, а изгледа и помалку се зборувало на телефон. Зголемени се цените на јајцата, овошјето, зеленчукот, рибата и месото. Освен хратата, забележан е раст на цените на нафтата, козметичките производи, обувките, како и на средствата за лична хигина.

Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи вели дека за секое зголемување на цените во услов кога платите остануваат исти резултира со намалување на куповната моќ на граѓаните.

„Кога самите приходи се ограничени, а од друга страна стапката на невработеност не се намалува, тоа значи дека истата структура на луѓе кои работат со ограничени приходи да можат да купуваат помалку производи како резултат на тоа што има повисоки цени.“

Таа додава дека тоа од друга страна влијае и врз брутодомашниот производ.

„А тоа од друга страна може да блијае да се намали самата побаравуачка, на производи кои тие би ги купувале. Од друга страна, кога се зголемува инфлацијата, влијанието врз БДП е во насока на зголемување на номиналниот бруто домашен производ, реално не се зголемува БДП, како резултат на повеќе произведени и продадени добра и услуги, туку како резултат на зголемените цени. Значи истото зголемување не треба да се толкува како позитивно во насока дека имаме зголемен економски раст.“

Поранешниот министер за финасии Никола Попоски вели дека намалувањето на животниот стандард укажува дека луѓето ги менуваат навиките и се помалку трошат пари на работи кои им се потребни на долгорочен план додека пак од друга страна си дозволуваат ситни задоволства.

„Полека, полека си ги намалуваат расходите. Ако оделе на одмор 10 дена, сега се оди 7 дена. Меѓутоа факт е дека не можеме да тврдиме дека подеднакво сите остануваа на потрошувачката што ја имале претходно. Понекогаш има социолошки или психолошки тврдења дека во услови на криза се зголемува потрошувачката по кафаните итн, но факт е дека потрошувачката на она што им треба на граѓаните се намалува, се помалку се купуваат автомобили, станови, се повеќе луѓе имаат помалку пари да си платат сметки.“

Аналитичарите сметаат дека причините за намалувањето на животниот стандард се големата невработеност од над 30 проценти, сиромашното население кое изнесува околу 30 отсто како и постојаниот раст на цените, слабеењето на куповната моќ на граѓаните и платите кои стагнираат.

Експертите сметаат дека за подобрување на животниот станадард на граѓаните е потребен економски развој, зголемен број странски инвестиции потребно е да се инвестира во создавање на работни места за намалување на сиромаштијата на долг рок и социјални програми за ублажување на сиромаштијата кај ранливите групи на краток рок.

Социологот, професор Илија Ацески вели дека без економски раст од најмалку 5 или 6 отсто, тешко може да се очекува намалување на сиромаштијата и подобрување на животниот стандард. Сега единствено што може да направи државата е да ја ублажува сиромаштијата кај најранливите групи.

„Таа може само да се ублажи во смисла на поправична распределба на ресурсите во државата кај ранливите групи, оние кои навистина не се во можност по никоја основа да дојдат до некоја заработувачка или да дојдат до еден нормален живот. Вториот момент е распределба на јавното добро, да речеме од транспорт до она што се нарекува на некој начин јавна потрошувачка и тука може државата да интервенира, да ги ублажува ударите на сиромаштијата кај ранливите групи“, вели Ацески.

Опозицијата и дел од економистите долго време ја повторуваат тезата, дека наместо да се трошат милиони евра за споменици, требало да се инвестира во инфраструктура што потоа ќе поттикне поголем економски раст. Од друга страна, во прилог на власта оди тезата дека и кога не се градеа споменици, сиромаштијата повторно беше околу 30 отсто.

Универзитетскиот професор Вељанд Рамадани неодамна за нашето радио изјави дека неконтролираното трошење на пари за непродуктивни проекти, е меѓудругото и причина за нискиот економски раст во земјава.

„Моментално сите средства што се добиваат или во форма на грантови или во форма на кредити, од страна на владата се трошат за непродуктивни проекти. Од тие проекти ќе нема повраток на инвестираното, туку е само на маркетиншки план, а сето тоа подоцна може да резултира со социо–економски проблеми.“

Од друга страна, пак, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски изјави дека нема магична формула за намалување на сиромаштијата, но оти решението на проблемот е во програмата на Владата каде има над 1.000 проекти кои директно или индиректно влијаат на забрзан економски раст и отворање нови работни места. Тој вели дека Владата не е задоволна од сегашниот стeпен на невработеност и она што се случува, но додава дека не може да се биде незадоволен во однос на она што се случува во светот.

Со околу 4 илјади евра годишна заработка Македонците се на дното во Европа по куповната моќ.Македонскиот граѓанин во просек на располагање има пет пати помалку пари од европксите жители, затоа што европјаните според истражувањето на германскиот институт ГФК годишно имаат на располагање најмалку по 12 500 евра. За споредба со земјите од регионот на пример еден просечен хрватски работник лани заработил 12.527 евра бруто, Словенецот заработува годишно по 12 илјади евра, Црногорецот во просек годишно земза по 6 300 евра додека пак а просечната бруто плата во ЕУ изнесува 37.959 евра. Во регионот жителите на Косово се со најниска плата во вредност од 290 евра месечно или 3480 евра годишно.

Неодамна објевната „лидерска позиција “ на Македонија во мизерија што ја објави лондонскиот „Економист“ одекна како бомба во јавноста. Ова рангирање британскиот магазин го направил меѓу 92 земји во светот, а во него се пресметани бројот на невработени и процент на инфлација. За опозицијата тоа е уште еден доказ дека македонскиот животен стандард е во опаѓање додека, пак, владините претставници не сакаат да ги коментираат како што велат „новинарските рангирања“ .
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG