Достапни линкови

Свеченоста по повод враќањето на контигентот на АРМ од Авганистан


Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска во касарната „Кузман Јосифовски - Питу“ во Тетово ќе присуствува на свеченоста по повод враќањето на контигентот на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада по шестмесечно учество во мисијата ИСАФ во Авганистан.
Во мисијата ИСАФ во периодот јануари - јули 2012 година, АРМ учествуваше со контингент од 149 припадници на Првата механизирана пешадиска бригада, кои заедно со најстариот национален претставник и штабните офицери, во Авганистан беа распоредени во составот на Британскиот контингент.
Контингентот на АРМ беше ангажиран за обезбедување на командата на ИСАФ во Кабул, обезбедување на објекти од витално значење за животот на населението во Авганистан, борбено обезбедување на комуникации и области во зоната на одговорност.
Од страна на командата на ИСАФ и надлежните високи команди на НАТО, ангажирањето на припадниците на АРМ, во повеќе наврати беше високо оценето.
XS
SM
MD
LG