Достапни линкови

Во пораст семејното насилство врз мажите


Во првите шест месеци од годинава во Македонија се регистрирани 415 случаи на семејно насилство. Најголем дел се случаи на физичко насилство, во помал број психичко, а многу мал процент психичко и сексуално насилство. Во пораст е семејното насилство над мажите, кои во 62 случаи пријавиле дека биле малтретирани од своите сопруги.

Бројката на регистрирани случаи годинава е во пораст, со оглед на тоа што во текот на целата мината година имало 730 случаи. Зголемувањето, како што појасни министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, се должи на зајакнувањето на свеста кај жртвите на семејно насилство и охрабреноста да го пријават во институциите. Во Македонија има 4 шелтер центир за помош на жртви на семејно насилство.
XS
SM
MD
LG