Достапни линкови

Попоски - Конкретни предлози место декларативни заложби


Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Попоски потенцира дека Грција со ништо не придонесува за градење мостови и добрососедски односи од двете страни на границата.

Наместо декларативни заложби, конкретни гестови и предлози, е пораката што има да ја испрати македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски до новата грчка влада.
Тоа што Македонија никаде не фигурира во приоритетите на кипарското претседателство со ЕУ не ни дава за право да мислиме дека таа можност ќе биде искористена, но ние ќе ја оставиме вратата отворена за да ни покажат тие што ги носат одлуките дека сакаат просперитетен и мирен Балкан.

Нејзиното формирање, според него, ја зголемува предвидливоста во насока на взаемно приближување и е без никакво значење во каква форма ќе биде таа, но истовремено повеќепати потенцираше дека грчката страна со ништо не придонесува за градење мостови и добрососедски односи од двете страни на границата. Во прилог на тоа го наведе и лепењето налепници на грчката граница.

„Тоа што Македонија никаде не фигурира во приоритетите на кипарското претседателство со ЕУ не ни дава за право да мислиме дека таа можност ќе биде искористена, но ние ќе ја оставиме вратата отворена за да ни покажат тие што ги носат одлуките дека сакаат просперитетен и мирен Балкан“, констатира Попоски, информирајќи и дека нема посебна најава ниту од страна на медијаторот Нимиц во насока на надминување на спорот за името и дека се очекува и во тој поглед поголем ангажман од грчка страна.

Македонија има листа од конкретни иницијативи за поттикнување на добрососедските односи со Грција, потсети Попоски, но не постои одговор од другата страна. Тоа се конкретни проекти на кои треба да се посветиме и кои се во директен контраст со декларативните заложби за добрососедски односи, констатира Попоски.

Запрашан дали би заминал на одмор во Грција, рече дека со задоволство би пиел кафе со неговиот грчки колега Аврамопулос во Воден.

На брифингот со новинарите, тој одговори и на прашањето поврзано со иницијативата која ја презентираше министерот за економија Сарачини при минатонеделната посета на Тирана оценувајќи ја како несоодветна паралела за оваа фаза од развој на ЕУ, како и новите форми на соработка меѓу државите кои се одвиваат како што рече на многу пошироко ниво и во смисла на карактерот на соработката, но и во смисла на широчината на просторот во кој земјите денеска ја развиваат меѓусебната соработка.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG