Достапни линкови

Налепниците преку ознаката МК за македонските возила кои влегуваат во Грција само го имплементира меморандумот на времената спогодба, велат од грчката канцеларија за врски во Скопје.

Во грчката канцеларија за врски во Скопје тврдат дека досега не добиле никаква реакција од македонските институции по повод поплаките на дел од македонските граѓани кои ја преминуваат границата кон Грција, а имаат нови регистерски таблички дека добиваат налепници преку ознаката МК.
Налепниците коишто грчките власти ги ставаат на автомобилите не е нешто што ние го имплементираме унилатерално Тоа е дел од практичните мерки кои двете земји, мојата и вашата земја го потпишаа пред седумнаесет години.

Реакција не може да има бидејќи Грција само го имплементира меморандумот на времената спогодба или практичните мерки кои се потпишани од двете страни, појаснува амбасадорката Александра Пападопулу.
Александра Пападопулу.

Александра Пападопулу.


„Налепниците коишто грчките власти ги ставаат на автомобилите не е нешто што ние го имплементираме унилатерално. Тоа е дел од практичните мерки кои двете земји, мојата и вашата земја го потпишаа пред седумнаесет години.“
Сметаме дека енергијата треба да биде фокусирана на делот на соработката, а не на делот на креирање на бесрамни и неосновани провокации од типот на оние инцидентни појави на лепење на налепници.

Пападопулу информира и дека она што македонските граѓани ќе го добиваат при влегувањето во Грција се налепници на задното стакло од нивните возила и на нив ќе биде назначено дека Грција ја признава Македонија како ФИРОМ. Според објаснувањето, оваа мерка во изминативе години била спроведувана за камионите со ознака МК, а сега се проширува и на приватните автомобили.

Во македонското МВР до сега нема пријава од граѓани дека имале вакво искуство при патувањето во Грција, велат од оваа институција.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, вчера изјави дека оваа институција реагирала по дипломатски пат но се уште е недостапен за појаснување за каков начин на реагирање станува збор. Во вчерашната изјава сепак ваквиот потег на грчките власти го нарече бесрамна и неоснована провокација од страна на јужниот сосед.

„Сметаме дека енергијата треба да биде фокусирана на делот на соработката, а не на делот на креирање на бесрамни и неосновани провокации од типот на оние инцидентни појави на лепење на налепници.“

Експертите кои ги консултиравме главно постапката на грчките власти ја гледаат како непотребна и провокативна, но истовремено сметаат и дека секоја јавна реакција од македонска страна во моментов кога сме во потрага по компромис за нерешениот спор е непотребна и секој ваков инцидент треба да се решава на пониско, бирократско ниво.

Македонските граѓани се добредојдени во Грција и сите обиди да бидат обесхрабрени се контрапродуктивни порачуваат од грчката канцеларија за врски во Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG