Достапни линкови

Изградбата на железничкиот Коридор 8 започнува на пролет


Локомотива на железничка станица Скопје.

Локомотива на железничка станица Скопје.

Изградбата на железничкиот Коридор 8, на патниот правец Куманово-Бељаковце, треба да започне во февруари или март следната година, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Тој вели дека сега преговараат со Европската Банка за обнова и развој, од каде се планира годинава да се обезбедат 46,4 милиони евра. Се очекува делницата Куманово-Бељаковце да се заврши најдоцна во 2017 година, рече Јанакиески.

Во однос на делот од Крива Паланка до Деве Баир, Јанакиески посочи дека тој дел е најтежок и најскап и дека Министерството за транспорт и врски поднело барање до ИПА за обезбедување на средства во висина од два милини евра за изработка на основните проекти.

„Се проценува дека оваа делница ќе чини 332 милиони евра, средства кои треба да се обезбедат од ИПА, Европската Банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка, посочи Јанакиески и додаде дека изградбата на оваа делница се планира да започне во 2017 година, а да заврши во рок од пет години.“
XS
SM
MD
LG