Достапни линкови

Убавините на Слоештица во делата на светските уметници


Уметничка работилница во Слоештица.

Уметничка работилница во Слоештица.

Со саботната изложба на дела од Стано Бубан, Ева Мејер, Герхард Штајнле и Џејмс Ки, во демирхисарска Слоештица, привршува годинешната, деветта по ред, уметничка работилница.

Слоештица и Демирхисарскиот регион, во изминативе две-три недели, наново ја чествуваа и битисуваа со уметноста. На деветтото издание на работилницата зад која стои Меѓународниот центар „АРТ ПОИНТ – ГУМНО“.
Она што тие постојано го прашуваат кога се шетаат по тие наши села е: „Зошто не инвестирате во овие споменици, ова се споменици кои се се уште живи и кои треба да продолжат да зборуваат за Македонија, за нејзината историја, за нејзините луѓе“.

Ексклузивитет е присуството на реномирани уметници со личен авторски ракопис, присуствуваа и инспирирани од крајоликот и непосредноста на мештаните, твореа Стано Бубан, професор на Академијата во Братислава, Словачка, неговата сограѓанка и етаблирана уметница со унгарско потекло Ева Мејер, германскиот скулптор од Нинберг – Герхард Штајнле и Џејмс Ки, апсолвент на студиите по ументост од Северна Каролина, кој по препорака од американската фондација за уметност „Asolare“ овде беше да црпи искуство од постарите европски колеги.
Уметниците коишто се гости на деветата уметничка резиденција повторно го доживеаа оваа место, значи Слоештица, како центар на светот. Тое е она што е заедничко за сите наши гости досега.

Нивните дела во саботата беа изложени во студиото и галеријата на Центарот, а тие преку целиот ден со многу возбуда говореа за своите импресии и за творештвото со посетителите на изложбата.

„Уметниците коишто се гости на деветата уметничка резиденција повторно го доживеаа оваа место, значи Слоештица, како центар на светот. Тое е она што е заедничко за сите наши гости досега“, истакнува Ирена Андреевска од „АРТПОИНТ – ГУМНО“ и дополнува дека Слоештица уметниците ги инспирира на сите можни начини.

Имено, Бубан ликовите на моќните луѓе од Европа и од светот во времето на глобалната економска криза од сопствениот циклус “Изгубени“ ги вметнал во напуштените плевни, во свечниците од црквите и под чардаците од селото. Мејер како централна тема на своите истражувања ги зела валавиците на Слоештица, Штајнле речните камења од регионот ги користел за своите скулптури, а Ки се воодушевувал од сториите за духовите и вампирите.

Згора на тоа, сите заедно како трајна своина што ќе остане за селото ги портретирале децата од околината, а Ева Мејер заедно со нив работела на тема „Детство“ и со цртежите по цели осум години влегла во темната соба на Музејот во Битола за да направи серија на црно-бели фотографии.

Сепак, нивното воодушевување пред се од Слоештица и горен Демир Хисар, од знаменитостите на Пелагонија, Крушево, Охридско-струшкиот регион..., како што вели Андреевска, изнедрило и едно навистина интересно и круцијално прашање.

„Она што тие постојано го прашуваат кога се шетаат по тие наши села е: „Зошто не инвестирате во овие споменици, ова се споменици кои се се уште живи и кои треба да продолжат да зборуваат за Македонија, за нејзината историја, за нејзините луѓе.“

Конечно, таа е презадоволна од делувањето на „АРТ ПОИНТ - ГУМНО“ и истакнува дека тие се среќни што по безмалку 20 години напорна работа и по одржаните девет работилници конечно можат да кажат дека преку културата го помагаат развојот на регионот.

„Пресреќни сме од импактот што го имаме од ваквиот тип на проекти, имено ова што се случува во Слоештица, на некој начин работиме локален развој преку културата, но не само во селото, туку и пошироко, не само во регионот на горен Демир Хисар, туку и на ниво на Пелагонискиот регион.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG