Достапни линкови

Женското писмо во македонската фотографија


Фотографија на Татјана Ранташа
Фотографија на Татјана Ранташа

Во Чифте амам изложба на слики на групата Ф 9 составена исклучиво од жени авторки, а во „Мала станица“, ќе бидат изложени 120 фотографии од јубилејното 50 издание на Денови на македонската фотографија.

Маја Јаневска Илиева, Јасна Суша, Татјана Ранташа, Ива Димевска, Фросина Илиевска, Катарина Ристовска – Николов, Мимоза Велиу, Маја Аргакиева и Ирена Мила се авторките чии дела се претставени на групната изложба што во рамките на манифестацијата Скопско лето се одржува во Националната галерија – Чифте амам. Станува збор за постановка на групата Ф 9 во рамките на која до израз доаѓаат специфичниот пристап кон мотивите, начинот на размислување и богатата емотивност на уметниците.
Македонската жена е силна, грациозна, мудра и ние сметавме дека е време тоа да го покажеме низ македонската фотографија, малку да ја афирмираме женската фотографија во Македонија и да покажеме колку всушност таа може да биде прекрасна и посебна.
Фросина Илиевска, фотографка.

Фросина Илиевска истакнува дека Ф 9 всушност е нивната самосвојна реакција на крутоста и доминацијата на машката фотографија во македонскиот фото-простор.

„Македонската жена е силна, грациозна, мудра и ние сметавме дека е време тоа да го покажеме низ македонската фотографија, малку да ја афирмираме женската фотографија во Македонија и да покажеме колку всушност таа може да биде прекрасна и посебна.“
Група Ф9- составена од жени фотографки.
Група Ф9- составена од жени фотографки.

Тоа што јас го гледам преку објективот се обидувам да го прикажам и на другите и се надевам дека барем емоцијата која сакам да ја споделам, делот од публиката ја чувствува.
Татјана Ранташа, фотографка.
Соработник на овој проект е Александар Кондев и тој во каталогот за изложбата на групата Ф 9 ќе забележи дека во Македонија долго време на своевиден начин фотографијата беше машка преокупација. И, се така до почетокот на овој век кога со појавата на дигиталната ера, и кај нас, навидум незабележително, но со голем успех, се појавија авторки кои ги изненадија сите познавачи на овој медиум. Кондев потенцира дека „женската фотографија со својата креативност ја оплеменува и ја оснажнува македонската фотографија, естетски ја прави побогата со идеи и со пораките што ги носи го хуманизира творењето и ги предизвикува луѓето на размислување за убавото и хуманото“.

Од таму, нималку не чуди кога Татјана Ранташа, најмногу позната по своите фотографии од концертните настапи и уметничките перформанси, вели дека животот гледан преку објективот е поинаков од оној што го живееме секојдневно. Таа дополнува дека тој е поинтересен, дека притоа се забележуваат многу повеќе детали и едноставно поинаку го возприемаме.

„Тоа што јас го гледам преку објективот се обидувам да го прикажам и на другите и се надевам дека барем емоцијата која сакам да ја споделам, делот од публиката ја чувствува.“

Инаку, фотографиите на Ранташа, Аргакиева, Мила, Илиева и на уште некои од девојките ќе се најдат и на изложбата организирана по повод 50-то, јубилејно издание на манифестацијата Денови на македонска фотографија.
На оваа постановка, во просториите на културниот центар „Мала станица“, ќе бидат изложени 120 фотографии од овогодинешната селекција, како и омаж на доајенот на македонската фотографија Благоја Дрнков, со што ќе биде одбележано неговото капитално дело.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG