Достапни линкови

Скопје по втор пат домаќин на Светската изложба на новинска фотографија


Победничката фотографија на „Светска изложба на новинска фотографија 2012“. Автор е младиот шпански фоторепортер Самуел Орана, снимена во Јемен, на која е документиран моментот кога мајката го држи во прегратка својот син – демострант, жртва на труењето с

Победничката фотографија на „Светска изложба на новинска фотографија 2012“. Автор е младиот шпански фоторепортер Самуел Орана, снимена во Јемен, на која е документиран моментот кога мајката го држи во прегратка својот син – демострант, жртва на труењето с

160 наградени фотографии ќе бидат претставени на патувачката Светска изложба на новинска фотографија 2012 во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје.

Скопје, по пауза од една декада, по втор пат ќе биде домаќин на патувачката „Светска изложба на новинска фотографија“. На постановката што до 28 јуни ќе се одржува во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ ќе бидат претставени 160 наградени фотографии во сите категории селектирани од пријавените 101254 трудови на 5247 автори од 124 земји од светот.
Минатата 2011 беше година преполна со настани. Главно немили. Вниманието на фоторепортерите беше насочено кон 11-те земји што ги зафати т.н. „Арапската пролет“ , потем тука беа земјотресот и цунамито во Јапонија.

Организатори на случувањето, кое патем досега го видоа или ќе го видат љубителите на фотографијата во неколку балкански градови како Бањалука, Сараево, Нови Сад и Белград, се Македонскиот центар за фотографија во соработка со Националната галерија на Македонија и со финансиска подршка од Амбасадата на Кралството Холандија во земјава.
Фредерик Биманс, проект менаџер на „Светска изложба на новинска фотографија 2012“.

Фредерик Биманс, проект менаџер на „Светска изложба на новинска фотографија 2012“.


Македонските фотографи оваа година немаа голем интерес за пријавување на нивни фотографии можеби од причина што знаат дека на „World Press Foto Exhibition“ се примаат и се наградуваат фотографии кои зборуваат на некои немили настани.
„Минатата 2011 беше година преполна со настани. Главно немили. Вниманието на фоторепортерите беше насочено кон 11-те земји што ги зафати т.н. „Арапската пролет“ , потем тука беа земјотресот и цунамито во Јапонија ...Од таму сосема разбирливо е што дури 60 отсто од селектираните и потем наградени фотографии се врзани за тие случки, иако не смее да се заборави дека добивме и прекрасни фото-стории врзани за зимската олимпијада што ќе се одржи во Русија, во Сочи, за настани што беа одржани во САД и бројни документарни приказни што не ви паѓаат веднаш во очи штом ќе го отворите весникот, но на кои авторите трпеливо работеле подолго време“, вели Фредерик Биманс, проект менаџер на „Светска изложба на новинска фотографија 2012“.

Таа дополнува дека победничката фотографија на годинешниот конкурс е онаа на младиот шпански фоторепортер Самуел Орана, снимена во Јемен, на која е документиран моментот кога мајката го држи во прегратка својот син – демострант, жртва на труењето со солзавец фрлен од страна на полицијата.

„Станува збор за прекрасна фотографија за која жирито сметаше дека најдобро ги портретира случувањата во рамките на „Арапската пролет“, борбата, емпатијата и сета болка што ја чувствуваа семејствата во виорот на овие настани.“

Инаку „World Press Foto Exhibition“ е нaјвлијателната изложба на новинска фотографија во светот која промовира високи професионални стандарди и непречен проток на информации до најшироката јавност. Изложбата е резултат на меѓународен конкурс на новинска фотографија што се објавува секоја година.
На конкурсот, што го распишува непрофитната организација формирана во 1955 година во Амстердам, учествуваат фотографи, новински агенции, печатени медиуми и списанија од целиот свет, а меѓународно жири составено од 19 членови ги оценува пристигнатите фотографии, во девет различни категории.
Годинава само двајца македонски фотографи, Ѓорѓи Личовски и Томислав Георгиев, учествувале на конкурсот, но нивните трудови не се меѓу наградените. За ова Роберт Јанкуловски од Македонскиот центар за фотографија со објаснување.

„Македонските фотографи оваа година немаа голем интерес за пријавување на нивни фотографии можеби од причина што знаат дека на „World Press Foto Exhibition“ се примаат и се наградуваат фотографии кои зборуваат на некои немили настани.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG