Достапни линкови

Ракометарите на брза лента


Машката ракометна репрезентација се пласира на Светското првенство што во јануари наредната година ќе се одржи во Шпанија и врза две големи натпреварувања во низа.

Машката ракометна репрезентација ги исполни очекувањата на домашната јавност. Во бараж двомечот со Австрија извојува (вкупна) победа од три голови разлика и се пласира на СП, кое во јануари наредната година ќе се одржи во Шпанија. Со тоа е обезбедено учеството на третиот Мундијал, по оние во Египет пред 13 и во Хрватска пред 3 години.

Одигравме два тешки натпревари покажавме уште еднаш дека сме зрела репрезентација, дека знаеме да играме тактички мудро, знаеме да останеме смирени во тешки моменти. Долго време играме заедно, го одржавме континуитетот, пораснавме како репрезентација и треба да бидеме сите комплетно задоволни.
Но, што е уште позначајно, за прв пат по 13 години, ќе немаме пауза меѓу две врвни натпреварувања, откако во јануари годинава го освоивме историското петто место на ЕП во Србија. Тоа уште повеќе го зголемува задоволството од постигнатото што е потврда плус за големината на оваа генерација.

„Ова е голем успех. Можеби овој пласман на СП другите не го гледаат така, но ние ракометарите и целата репрезентација и стручниот штаб сме свесни затоа што не беше воопшто лесно да се дојде до пласман на СП. Одигравме два тешки натпревари покажавме уште еднаш дека сме зрела репрезентација, дека знаеме да играме тактички мудро, знаеме да останеме смирени во тешки моменти. Долго време играме заедно, го одржавме континуитетот, пораснавме како репрезентација и треба да бидеме сите комплетно задоволни“, изјави капитенот Кирил Лазаров.

Селекторот Звонко Шундоски, пак, вели:
Најбитните моменти во целава оваа работа е тоа што оваа репрезентација има едно огромно искуство, еден многу добар играчки кадар, кој што дава големи резултати, што го покажавме во минатото, а секако и во иднината ќе се потрудиме да го оствариме тоа.

„Најбитните моменти во целава оваа работа е тоа што оваа репрезентација има едно огромно искуство, еден многу добар играчки кадар, кој што дава големи резултати, што го покажавме во минатото, а секако и во иднината ќе се потрудиме да го оствариме тоа“, рече Шундоски, кој верува дека на претстојното СП актуелниот репрезентативен кадар, ќе забележи нов резултат за паметење.“

Сепак, барем до дознавањето на противниците во групата (жребката е на 19. јули во Мадрид), тој не сака да говори за пласманот во Шпанија. Од друга страна, за Лазаров успех ќе претставува и освојувањето на 10-тото место, што ќе биде чекор напред од Мундијалот во Хрватска. Ова, секако, не значи дека капитенот не се надева и на многу подобар резултат. Напротив, тој е убеден дека имаме квалитет и за поголеми дострели, но под услов да не ја повториме грешката од пред два месеца, кога сами се прогласивме за фаворити на олимпискиот квалификациски турнир во Шведска.

„За нас фаворитската улога ниту е реална, ниту ни е добредојдена, затоа што нити сме фаворити, нити знаеме да се носиме со таа улога. Треба да бидеме скромни во очекувањата, пополека тивко да се спремаме и се надевам дека во најсилен состав добро организирани и спремни да излеземе на медган со најдобрите. Едноставно да отидеме на СП во Шпанија и да уживаме во играта, а кого така ќе ги поставиш работите може да дојде и до некој успех“, додаде Лазаров.
XS
SM
MD
LG