Достапни линкови

Умерен оптимизам пред Гетеборг


1

1

Mакедонската ракометна репрезентација од 6-ти до 8-ми април во Гетеборг ќе се бори за пласман на Олимпијадата во Лондон.

Со зголемена самодоверба, благодарение на освоеното петто место на јануарското Европско првенство, македонската ракометна репрезентација го очекува квалификацискиот олимписки турнир, кој од 6-ти до 8-ми април ќе се одржи во Гетеборг. Таму со селекциите на Шведска, Унгарија и на Бразил, ќе се бориме за едно од првите две места кои значат пласман на Олимпијадата во Лондон. Општо е мислењето дека имаме сили за таков подвиг, но без преценување на своите можности.

Изјавите од типот дека сме фаворити и дека како фаворити патуваме на квалификациите, според мене, се далеку од реалноста. Значи Македонија можеби патува нешто со поголема почит од другите кон нас по Европското првенство, меѓутоа далеку сме од фаворити. Така да ќе мора многу, многу, многу да се испотиме за да дојдеме до две победи.
„Изјавите од типот дека сме фаворити и дека како фаворити патуваме на квалификациите, според мене, се далеку од реалноста. Значи Македонија можеби патува нешто со поголема почит од другите кон нас по Европското првенство, меѓутоа далеку сме од фаворити. Така да ќе мора многу, многу, многу да се испотиме за да дојдеме до две победи. Нашите шанси се големи, меѓутоа ние мора да играме. Доколку играме со онаа сериозност и подготвеност и мотивација како на Европското првенство, сигурно дека сме кадарни да го направиме она што цела Македонија го очекува од нас“, изјави голманот, Борко Ристовски.
Македонски навивачи на ЕП во ракомет во Ниш.

Македонски навивачи на ЕП во ракомет во Ниш.


Слично размислуваат и останатите репрезентативци, кои се свесни дека јавноста има големи очекувања од нив. Тоа е нормално по историскиот успех на ЕУРО во Србија, па затоа и никој не се жали на притисокот, а пикерот Ванчо Димовски порачува:
Ние сме значи подготвени да одиме таму, да одиграме најдобро што можеме, да ја повториме барем играта од Европско првенство и нека победи тој што треба да победи.

„Знаеме кој сме и што сме и не сакаме да се криеме, нели да зборуваме дека се уште сме трета класа во Европа. Сега влеговме во една група на репрезентации што ни е обврска, не само ние и нашиот народ, туку и цела Европа веќе не гледа на една скала повеќе. Ние сме значи подготвени да одиме таму, да одиграме најдобро што можеме, да ја повториме барем играта од Европско првенство и нека победи тој што треба да победи“, рече Димовски, кој исто како и Наумче Мојсовски се мачи со повреда.

Сепак, за разлика од Владимир Темелков кој во понеделникот ги скина лигаментите на коленото, се очекува двајцата да бидат подготвени за настап в петок во 14.45 часот против Унгарија. Според многумина, тоа е најзначајниот меч, по кој, победникот, заедно со фаворизираниот домаќин Шведска, практично, ќе обезбеди олимписка виза. Капитенот Кирил Лазаров не се согласува со тоа и смета дека не треба да се оптоваруваме со такви калкулации.

„Ние секогаш кога сме калкулирале сме губеле. Не треба да калкулираме со овие ќе играме, со овие ќе одмараме, па со овие ќе играме. Затоа што секоја калкулација било во која сфера во животот не е добра. Така и ние треба да одиме ден по ден. Ментално да се спремиме дека во три дена имаме три натпревари. И без разлика што и да се случи во првиот ние се уште остануваме со шанси, без разлика што Шведска е домаќин. И ние очекуваме 4.500 – 5.000 Македонци кои што ќе не бодрат. Така да, дури постои и теоретска шанса да се верува и здравје Боже во недела вечер ќе може да поразговараме поконкретно што било и како било“, истакна Лазаров.

Инаку, со Шведска играме в сабота во 16 часот, а во последното коло, в недела во 14.45 часот избраниците на селекторот Звонко Шундовски ќе ги одмерат силите со Бразил.
XS
SM
MD
LG