Достапни линкови

Победата над Србија, шанса за полуфинале?


Претседателот Ѓорге Иванов им ја честита победата на ракометарите кои во Белград ја совладаа Полска со 27-25 на ЕП во Србија.

Претседателот Ѓорге Иванов им ја честита победата на ракометарите кои во Белград ја совладаа Полска со 27-25 на ЕП во Србија.

Ако ракометарите ја совладаат реперезентацијата на Србија и притоа се склопат сите коцки, Македонија може да се пласира во полуфиналето на Европското првенство, но и да не се случи тоа, останува шансата за настап на квалификацискиот олимписки турнир.

Македонската ракометна репрезентација денеска го игра најзначајниот меч во својата историја. Од 20:15 часот во Белград се среќаваме со Србија, a победата може да ни донесе пласман и во полуфиналето на Европското првенство, ако претходно Данска загуби од Шведска, а Полска ја совлада Германија со не повеќе од два гола разлика.
Психологијата наша низ досегашниот тек на ЕП не е баш најјака страна. Притисоците кои на пример беа со Данска, Германија и така натаму, ние не ги издржавме до крај. Меѓутоа, да не речам сигурен, играме сепак на терен на Србија, се може да се случи, квалитетна репрезентација, меѓутоа јас верувам во нашите играчи и верувам дека ќе дојдеме ние до позитивен резултат.


Дали ќе се случи тоа ќе дознаеме попладнево, но наш императив е победа над домаќинот, со што го освојуваме најмалку осмото место на Еуро и остануваме во конкуренција за настап на квалификацискиот олимписки турнир. Тоа ќе биде најголем успех на македонскиот репрезентативен ракомет, за што оваа генерација и покрај покажаните слабости, има сили, смета поранешниот селектор и репрезентативен голман, Стефче Стефановски.

„Психологијата наша низ досегашниот тек на ЕП не е баш најјака страна. Притисоците кои на пример беа со Данска, Германија и така натаму, ние не ги издржавме до крај. Меѓутоа, да не речам сигурен, играме сепак на терен на Србија, се може да се случи, квалитетна репрезентација, меѓутоа јас верувам во нашите Македонската ракометна репрезентација

Македонската ракометна репрезентација

играчи и верувам дека ќе дојдеме ние до позитивен резултат. А, за што ќе биде доволен тој, дали за Олимпијада или за нешто погоре, што јас се надевам, ќе видиме после натпреварот“, рече Стефановски.

Според него, во прилог ни оди и тоа што Србија по веќе обезбедената борба за медал, вечер ќе настапи без најдобрите играчи. Кога на тоа ќе се
Жалиме за Данска, ама среќата или несреќа е таква. Така да нема назад, одиме напред. Мораме и можеме, ќе победиме.

додаде и поддршката од трибините на најавените 10-тина илјади македонски навивачи, тогаш е јасно, дека имаме огромни шанси за нова победа и делумно намалување на болката поради досега необезбеденото полуфинале, што, според Стефановски, е резултат на немањето квалитетни подготовки за Еуро.

„Жал е мал збор. Гневен сум, Македонски навивачи

Македонски навивачи

премногу, затоа што на многу лесен начин ги пропуштивме тие бодови. Дај Боже да се лажам, меѓутоа никогаш повеќе не верувам дека ќе се пружи ваква шанса. Сите ги имавме, игравме егал со сите, одлично се носевме, меѓутоа тој завршен чекор е она што ни фали, е тоа е тоа. Работа со психологија, работа на јаки турнири што требаше да ги одржиме и колективниот дух да го изградиме, за сега да ги бараме тие резултати. Меѓутоа, ајде ова нека биде поука за понатаму, како треба да се однесуваме кон било кој национален тим“, додаде Стефановски.

Слично размислуваат и љубителите на спортот. Тие се уште не можат да го преболат, пред се шокантниот пораз од светскиот вицешампион, но и се надеваат дека по толку малери, денеска среќата ќе биде на наша страна.

„Жалиме за Данска, ама среќата или несреќа е таква. Така да нема назад, одиме напред. Мораме и можеме, ќе победиме.“

„Штета е со Данска, затоа што можеше барем нерешено да се изигра. Еден бод ќе беше за нас добро. Овака, се надевам дека пласман до осмо место сигурно го земаме.“

„Тоа е, немавме доволно среќа. Се надевам дека со Србија ќе не послужи среќата и ќе се поклопат резултатите за да одиме во полуфинале“, изјавија анкетираните граѓани.
XS
SM
MD
LG