Достапни линкови

Со сајбер напади против иранската нуклеарна програма


Засега нема официјална реакција од Соединетите Држави и од Израел во врска со извештајот на Вашингтон Пост дека тие две земји заеднички развиле компјутерски вирус, наречен пламен, со цел да ја попречуваат иранската нуклеарна програма. Според извештајот, вирусот бил откриен во компјутерите користени во иранското министерство за нафта, а го креирале ЦИА и израелската армија. Вашингтон Пост додава дека вирусот бил еден од најсофистицираните сајбер оружја досега и оти се користат и други компјутерски вируси за да биде спречена нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG