Достапни линкови

Рок-симфонија во Градски Парк во Скопје


Мултимедијален проект „Види музика, слушни слика, добиј книга“, постер.
Мултимедијален проект „Види музика, слушни слика, добиј книга“, постер.

„Рок – симфонија“ е насловен концертот што Македонската филхармонија, во рамките на петтото издание на мултимедијалниот проект „Види музика, слушни слика, добиј книга“, ќе го изведе на 20 јуни од 21 часот, во Градски Парк во Скопје.

Песни на РОЛИНГСТОУНС, ЛЕД ЦЕПЕЛИН, ПИНК ФЛОЈД, Ерик Клептон, Тина Тарнер, ПОЛИС, КВИН, ЈУ ТУ, АББА, Мајкл Џексон и други незаборавни хитови се срцевината на концертот насловен како „Рок -симфонија“ што Македонската филхармонија ќе го изведе оваа среда од 21 часот во Градски Парк. Со оркестарот ќе диригира гостинот од Велика Британија – Тимоти Редмонд, а оркестрациите се на Мајкл Таусенд и Федор Вртачник.
Не се сите љубители на Моцарт, Бетовен, Верди и Малер, но затоа некој пред нас се сетил и преработил песни коишто се апсолутни хитови, песни коишто сите ги сакаат и сите ги знаат. Значи ваквата тенденција и ваквите идеи се нешто што долги години наназад се работи во светот, во светските оркестри и оперски куќи, особено во Европа.
Маја Чаначевиќ, директорка на Македонската филхармонија.

Маја Чаначевиќ, директорката на Македонската филхармонија, вели дека можеби годинава е невообичаен изборот што го направиле, но од друга страна тој комплетно се совпаѓа со долгогодишната идеја класичната музика да ја доближат до што поширок круг на слушатели.
Маја Чаначевиќ, директорка на Македонската филхармонија.
Маја Чаначевиќ, директорка на Македонската филхармонија.

„Не се сите љубители на Моцарт, Бетовен, Верди и Малер, но затоа некој пред нас се сетил и преработил песни коишто се апсолутни хитови, песни коишто сите ги сакаат и сите ги знаат. Значи ваквата тенденција и ваквите идеи се нешто што долги години наназад се работи во светот, во светските оркестри и оперски куќи, особено во Европа и ние само се приклучуваме кон светските тенденции и светските текови.“

Во рамките на програмата ќе бидат вклучени и две македонски поп-песни - „Сите твои слики“ на АРЕА и „Сонце за три светови“ што со многу емоции своевремено ја отпеа Мики Јовановски Џафер, за чија адаптација за оркестар се погрижија Дарија Андовска и Валентина Велковска Трајановска.
Секое издание беше различно, интересно самото по себе и незаборавно, според она што публиката и оние што не следат го кажуваат.
Маја Чаначевиќ, директорка на Македонската филхармонија.

Покрај тоа, во случајов, нагласена ќе биде улогата и на неколкумина членови на оркестарот како Џијан Емин кој хорната ќе ја замени со клавијатури, басистот Иван Бејков, гитаристот Александар Поп Христов, тапанарот Гоце Стефковски и кларинетистот и саксафонист Здравко Ангелов.

„Рок-симфонија“ е инаку дел од петтото по ред издание на мултимедијалниот проект „Види музика, слушни слика, добиј книга“ што заеднички го потпишуваат Младинскиот културен центар и Македонската филхармонија. Ова подразбира дека годинава, инспирирани од музиката, под отворено небо во Градски Парк ќе творат ликовните уметници Горјан Георгиев и Невзат Бејтули – Кица, а на присутните ќе им бидат поделени 20.000 примероци од книгата „Снег“ на францускиот писател Максанс Фермин, авторот што ги има потпишано и „Пчелар“, „Опиум“, „Амазонка“, „Црна виолина“ и други дела.

„Ние имавме навистина прекрасни пет изданија на „Види музика, слушни слика, добиј книга“. Секое издание беше различно, интересно самото по себе и незаборавно, според она што публиката и оние што не следат го кажуваат“, дополнува Чаначевиќ.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG