Достапни линкови

Концерт на Бадивуку и Кастратовиќ во КИЦ


Сихана Бадивуку и Маја Кастратовиќ.

Сихана Бадивуку и Маја Кастратовиќ.

Со дела на Бетовен, Брамс и Франк, утревечер од 20 часот во Салон 19.19 на Културно информативниот центар во Скопје, ќе се претстават виолинистката Сихана Бадивуку и пијанистката Маја Кастратовиќ.

Нашата мисија како музичари, активни солисти и уметници од ова подрачје преполно со конфликти е да го споделиме со публиката најпозитивното нешто што уметноста може да го дари – љубовта меѓу луѓето, нивното меѓусебно разбирање и позитивните емоции што класичната музика ги содржи во себе.
Секогаш класичната музика ги намалувала тензиите, не сме само ние пример, има разни примери во светот еве Даниле Барембоим со неговиот оркестар, Вест-истерн диван оркестар што ги спојува Палестинците и Израелците во еден голем проект, но треба малку поголема поддршка да се промовираме со оваа мисија.

Ова ќе го забележи виолинистката Сихана Бадивуку во пресрет на сонатната вечер на која со својата долгогодишна соработничка пијанистката Маја Кастратовиќ на публиката во Салон 19.19 во КИЦ ќе и дарат изведби на дела од Бетовен, Брамс и Франк.

„Секогаш класичната музика ги намалувала тензиите, не сме само ние пример, има разни примери во светот еве Даниле Барембоим со неговиот оркестар, Вест-истерн диван оркестар што ги спојува Палестинците и Израелците во еден голем проект, но треба малку поголема поддршка да се промовираме со оваа мисија“, дополнува Бадивуку.
Музиката ја чувствуваме на многу сличен начин и мислам дека таа енергија со која што првпат настапивме, целиот сензибилитет, тоа е тоа што не спои.

Кастратовиќ, пак, потсетувајќи се на нивниот концерт одржан во истата сала веднаш по избивањето на конфликтот во Македонија во 2001 година, вели дека тие никогаш не го поставиле прашањето за тоа на која заедница и припаѓаат туку ги чествувале само разбирањето и моќта на универзалниот јазик на музиката.

Родена 1967 година во Приштина, Сихана Бадивуку е истакната албанска виолинистка. Дипломирала и магистрирала на Конзерваториумот „П.И. Чајковски“ во Москва во класата на професор Чудаева. Во 1994 завршува мастер курс на престижната Академија Чигиана во Сиена, Италија, а како солист и со оркестар има многубројни настапи во Македонија, во европските земји и во САД притоа соработувајќи со видни диригенти и пијанисти. Таа е концерт мајстор на Косовската филхармонија, член на ансамблот „Вивенди“ и гудачкото трио „Косова“.

Маја Кастратовиќ е родена 1969 во Скопје. Нижо музичко училиште завршува во родниот град по што образованието го продолжува во Москва каде дипломирала на Конзерваториумот „П.И. Чајковски“ во класата на професор Рошчина. Пијанистката зад себе има бројни соло изведби, музицирала во многу камерни состави и настапувала со Македонската филхармонија, особено се бежити нејзините перформанси по Европа и во САД. Кастратовиќ магистратурата ја завршува на ФМУ во Скопје кај професор Борис Романов, а од 2001 година живее и работи како професор и корепетитор во Словенија.

Дружбата помеѓу уметниците датира од студентските денови во Москва, а професионалната соработка ја почнале пред некаде 17 години. Сихана Бадивуку Хоџа вели дека првите концерти им биле токму во КИЦ и дека потем се ределе бројни настапи во земјава и во странство.

„После имавме многу настапи на Охридско лето со музика Балканика. Инаку последните години многу често настапуваме и на европските фестивали“, вели Бадивуку.

Маја Кастратовиќ се потсетува дека магијата на заедничката изведба ја почувствувале по првиот нивни концерт на кој го свиреле Моцарт и дека потем она што ги упатува една на друга е позитивната енергија што ја создаваат на сцена.

„Музиката ја чувствуваме на многу сличен начин и мислам дека таа енергија со која што првпат настапивме, целиот сензибилитет, тоа е тоа што не спои“, вели Кастратовиќ.

По оваа сонатна вечер уметниците им се враќаат на редовните обрски како педагози, Сихана вели дека засилено се подготвува за новиот проект насловен Европска летна музичка академија што инициран од Чешката и неколку други амбасади треба да се одржи во Приштина, а обете се надеваат дека во догледно време ќе го снимат и својот втор заеднички албум.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG