Достапни линкови

logo-print

Софиската филхармонија ќе го отвори Скопско лето


Софиската филхармонија со нашиот Борјан Цанев како диригент свечено ќе го отвори 33-то Скопско лето. На концертот закажан за 21 јуни во МОБ ќе бидат изведени дела од Стајнов, Лековски, Глазунов и Бетовен, а солист ќе биде Ана Контраденко.

Софиската филхармонија, најстариот и најголемиот симфониски оркестар и една од водечките институции во музичкиот живот на соседна Бугарија, ќе настапи на отворањето годинешното 33-то Скопско лето. Со овој ансамбл кој поседува голема меѓународна репутација, на концертот што ќе се одржи на 21 јуни во МОБ, ќе диригира нашиот Борјан Цанев, инаку од 2006 година назначен за редовен гостин-диригент.
Сега добиваме комплетно национално тело со исклучително голема репутација и долга вековна традиција.

Борјан Цанев, диригент.

Борјан Цанев, диригент.

Ќе бидат изведени „Р-ченица“ од суитата „Тракиски танци“ на бугарскиот композитор Петко Стајнов, „Македонскиот танц број 3“ на Александар Лековски, Концертот за виолина и оркестар на Александар Глазунов каде солист ќе биде Ана Контраденко, концертмајстор на Македонската филхармонија и Филмскиот оркестар при МРТВ и за крај Бетовеновата Симфонија број 7 во а-мол опус 92.
Уште поважно од тоа е што во последно време правиме големи усилби да ги поврземе и да ги натераме да соработуваат меѓу себе младите музичари, младите уметници со што конкретно влијаеме на збогатувањето на нашите духовни култури.

Мирко Стефановски, првиот човек на Дирекцијата за култура и уметност – организаторот на Скопско лето, вели дека овој значаен проект за што поуспешно поврзување на културите на двете земји и двата народа е подготвуван повеќе од две години и дека по неколкуте заеднички зафати со Бугарскиот културен центар во Скопје, како гостувањето на бугарски групи на Блуз и соул фестивалот и настапот на тамошните музичари во рамките Балканската филхармонија во Универзална сала, конечно доаѓа до неговата финална реализација.

„Сега добиваме комплетно национално тело со исклучително голема репутација и долга вековна традиција.“

Од друга страна, Јавор Димитров, пијанист, композитор и директор на Националниот институт во чии рамки делува Софиската филхармонија, забележува дека најбитното од овој проект е што обете култури наново ќе бидат насочени една кон друга и што таквата соработка ќе и биде презентирана на јавноста.

„Уште поважно од тоа е што во последно време правиме големи усилби да ги поврземе и да ги натераме да соработуваат меѓу себе младите музичари, младите уметници со што конкретно влијаеме на збогатувањето на нашите духовни култури.“

Инаку, настапот на Софиската филхармонија на отворањето на културната манифестација Скопско лето е поддржан од ресорните министерства на двете држави, а оркестарот во Македонија ќе допатува со 70 истакнати бугарски инструменталисти – негови долгогодишни членови.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG