Достапни линкови

logo-print

Депонијата Краста ја загадува околината на Пчиња


Старата депонија Краста во близина на кумановското село Пчиња, ја загадува околината на селото и претставува закана и за цело Куманово, бидејќи производи наводнувани од загадена вода се продаваат на пазарите во градот.

Во Кумановското село Пчиња лоцирано на 12-ина километри од Куманово, околу илјада жители егзистираат главно од земјоделство. На пет километри од селото е спорната, но 50 години стара депонија Краста, која е голема закана за здравјето на луѓето не само во ова и во околните села,туку и за граѓаните на Куманово.
Од неколку бунари од нашето село носевме вода на испитување во Институтот за јавно здравје во Скопје и анализите покажаа дека водата бактеоролошки и хемиски е неисправна. Имаме направено и проект со наши средства од 7 илјади евра и од локалната самоуправа ни ветија дека врз основа на проектот во селото ќе ни биде изградена водоводна и канализациона мрежа. По две години разбравме дека нашето село не е во 14 проекти за средствата од Владата од 4 милиони евра. Советниците од СДСМ во Советот не сакале да го прифатат проектот.

Селото нема ниту водоводна, ниту канализациона мрежа. Водата од индивидуалните бунари од едната страна на реката е бактериолошки и хемиски неисправна, а населението ја користи за секојдневна употреба. Градинарските култури се наводнуваат со неисправната вода, а се пласираат на пазарот во Куманово, но и воздухот во селото е загаден од депонијата.

Дејан Трендевски од името на месната заедница Пчиња реагира:

„Од неколку бунари од нашето село носевме вода на испитување во Институтот за јавно здравје во Скопје и анализите покажаа дека водата бактеоролошки и хемиски е неисправна. Имаме направено и проект со наши средства од 7 илјади евра и од локалната самоуправа ни ветија дека врз основа на проектот во селото ќе ни биде изградена водоводна и канализациона мрежа. По две години разбравме дека нашето село не е во 14 проекти за средствата од Владата од 4 милиони евра. Советниците од СДСМ во Советот не сакале да го прифатат проектот.“
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.


Случајот со населението од ова село постојано се политизира бидејќи како што велат жителите тие се вмровски ориентирани, а локалната самоуправа е сдсмовска.
Општината пред месец дена го има добиено проектот и тој дефинира цена на чинење, начин на изведба и за да може да биде апликативен ние можеме врз основа на проектна документација да конкурираме од проектот за канализациони и водоводни системи. Ќе го доставиме проектот до Европска банка бидејќи таа ги селектира. Ако има целосна завршена процедура ќе оди во постапка. Ако не е, ќе чека некои подобри времиња.

„Во нашето место нема ништо инвестирано од локалната самоуправа. Веруваме дека водата е загадена од депонијата Краста која е над 50 години, бидејќи од другата страна на реката водата е исправна. Сметаме дека од депонијата преку подземни води се загадува водата.“

Дел од куќите немаат свои бунари што е причина повеќе овој проблем целосно да се надмине.

„Депонијата треба да се дислоцира и овој проблем да се надмине, бидејќи меморандумот за соработка што го потпишавме со локалната самоуправа депонијата требаше до крајот на оваа година да се дислоцира. Депонијата е одградена, влегуваат и свињи и други животини кои се продаваат за месо. Градинарските производи исто така се загадени, а граѓаните на Куманово го конзумираат.“

Доколку не се дислоцира депонијата жителите најавуваат блокади и протести за месецот ноември. Дејан Ристевски вели:

„Ние знаевме дека водата не ни е исправна и затоа и направивме проекти.
Да апеилирма до градоначалникот и до советниците од СДСМ да го прифатат предлогот бидејќи водата комплетно е загадена и е штетна по здравјето на луѓето. Околу 700 до 800 илјади евра се потребни за водовод канализација. Водата е доста и доволно штетна и тоа е од депонијата која е нелегално поставена.“

Градоначалникот Зоран Дамјановски објаснува дека:

„Општината пред месец дена го има добиено проектот и тој дефинира цена на чинење, начин на изведба и за да може да биде апликативен ние можеме врз основа на проектна документација да конкурираме од проектот за канализациони и водоводни системи. Ќе го доставиме проектот до Европска банка бидејќи таа ги селектира. Ако има целосна завршена процедура ќе оди во постапка. Ако не е, ќе чека некои подобри времиња.“

Стефан Трајановски советник од ВМРО-ДПМНЕ смета:

„Овој крај поради депонијата Краста е систематски загадуван и водата во бунарите од подземни води е загадена. Затоа ние предложивме да се измени програмата за 14 прироритетни програми од кои и би се повлекле 3,5 милиони евра средства за водовод и канализација. Беше одбиено од СДСМ. “

Дамјановски пак додава дека Куманово е дезавуирана општина од централната власт:

„Шест готови проекти имаме дадено со сите критериуми. Ни еден не е почнат ова е чиста политика.“

Политика или не, но факт е дека водата од бунарите не само во Пчиња, туку и во другите села, како и во приградските населби е бактериолошки или хемиски неисправна. Но, факт е и тоа дека населението нема друг избор и оваа вода меѓу другото ја користи и за пиење.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG