Достапни линкови

Неинформираност за североисточниот плански регион


Куманово
Куманово

Североисточен плански регион со седиште во Куманово работи повеќе од две години. Кумановци не се информирани ниту што е тоа.

Североисточен плански регион со седиште во Куманово работи повеќе од две години. Кумановци не се информирани ниту што е тоа, ниту какви бенефити тие можат да имаат од реализираните проекти.
Раководителот Младен Протиќ вели дека нивните чекори се бавни, но наскоро се надева дека ќе бидат видливи.
За водоснабдување изготвена е техничка документација за Липково и Куманово, техничка документација за гасовод за Крива Паланка и Кратово и 66км патни правци низ општините.
Младен Протиќ, раководител на проектот.

Протиќ објаснува дека Владата на РМ и шесте општини од овој регион го формирале Североисточен плански регион согласно Законот за рамномерен регионален развој. Целта е СПР да менаџира во локалните проекти, да ги поврзе и да соработува со локалните администрации од шестте општини, да аплицира за проекти кои се финансирани преку Бирото за регионален развој.
Младен Протиќ, раководител на проектот Североисточен плански регион.

„Минатата година завршивме шест проекти. Оваа година се договорени три проекти. За водоснабдување изготвена е техничка документација за Липково и Куманово, техничка документација за гасовод за Крива Паланка и Кратово и 66км патни правци низ општините. Со Република Словенија имаме неколку проекти за „Европа за граѓаните“ и меѓугранична соработка со Република Бугарија.“

Североисточниот плански регион со Источниот регион –Штип од Владата се ибезерени како подобни за финансирање за регионален развој преку ИПА програмата од третата компоненета за изградба на регионална депонија.Тоа оди бавно, но Протиќ е со оптимистичка најава дека за две години Европа ќе ги исфинансира за да бидат изградени по сите стандарди, односно еколошки. Во изминатиот период:

„Направивме база на податоци за самиот регион од скоро пет до шест области, социјала, туризам, водоснабдување, патна инфраструктура, геотермалните води и сега имаме база на податоци со која може да правиме планови и анализи за натамошн проекти. Изработивме доста техничка документација, за патна инфраструктура, за пренамени, за социјална инфраструктура. И се надеваме дека тоа ќе вроди со многу конкретни проекти. Исто така изработена е техничка документација, но треба повеќе пари. Изработивме и дигитална мапа на податоци.“

Граѓаните на Куманово речиси и не знаат што е Североисточен плански регион. На кој начин и дали имате потреба да им се доближите?
Како? Североисточен плански регион! Не сум слушнал.
Анкетиран граѓанин.
„Секако дека треба и ние имаме намера да се доближиме до граѓаните. Некои од нив кога доаѓаат гледаат дека ние не сме органзација која дава кредити или поврзана со ИПАРД програмата, или слично. Сепак, се надеваме дека во наредниот период би можело да се случи дека по Законот за рамномерен регионален развој нашиот регион ќе добива 10 до 12 милиона евра годишно со кои општините ќе се договараат што ќе прават. Сега за сега, ние располагаме годишно со околу 170 илјади евра. За шест општини тоа е малку. Преку НВО и бизнис секторот правиме соработка со проектот за прекугранична соработка со Бугарија и очекуваме околу 100 илјади евра. Правиме чекори, но се надеваме дека понатаму ќе биде подобро и повидливо.“
Ич не знам. Не сум слушнал.
Анкетиран граѓанин.
А кумановци без оглед од која возраст се ниту знаат,ниту слушнале што е тоа Североисточен плански регион.

„Ич не знам. Не сум слушнал.“

„Зошто ме прашуваш мене?! Не сум слушнал.“

„Како? Североисточен плански регион! Не сум слушнал.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG