Достапни линкови

Собранието треба да гласа за ребалансот на Буџетот за 2012


Собранието на Република Македонија денеска треба да ја заврши расправата и да гласа за ребалансот на Буџетот за 2012 година.
Во текот на изминатите денови опозицијата обвини дека предложениот ребаланс е поставен на целосно погрешни претпоставки за растот на економијата и оти по него ќе следи уште еден ребаланс. Според опозицијата се кратат средства од витални проекти, градежни активности, изградба на патиштата, како и од здравството и образованието.
За пратениците од владејачкото мнозинство, ребалансот е навремена и адекватна реакција на актуелните трендови во економијата кои се последица на кризата во Европа. Сметаат дека Владата успешно се справува со сите предизвици, без последици по платите, даноците, но со нови инвестиции и намалување на невработеноста и на задолженоста на државата.
XS
SM
MD
LG