Достапни линкови

Сорос: Европа има 3 месеци да го спаси Еврото


Американскиот инвеститор и милијардерот Џорџ Сорос, оценува дека на Европа и останале само три месеци за спас на заедничката валута. Сорос на Фестивалот на економијата, што се одржува во италијанскиот град Трено рече дека за три месеци „на пазарите ќе им здосади чекањето и дека ќе почнат да бараат повеќе, но властите нема да можат да ги задоволат нивните барања“. „Самитот на Европската унија, закажан за крајот на јуни, ќе се ограничи само на усвојување на минимални мерки, кои ќе ги задоволи сите страни. Тие мерки ќе донесат само привремено подобрување, но нема да ги елиминираат негативните трендови“ наведе Сорос. Тој прогнозира дека парламентарните избори во Грција на 17 јуни ќе бидат во знак на страв од протерувањето на земјата од еврозоната, и дека најверојатно ќе победат политичките сили подготвени да ги исполнат барањата на кредиторите.
XS
SM
MD
LG