Достапни линкови

„Хасанагиница“ го возбуди градот под Исарот


Театарската претстава Хасанагиница на Штипскиот театар.

Театарската претстава Хасанагиница на Штипскиот театар.

Претставата „Хасанагиница“ од Љубомир Симовиќ, во режија на Драгана Милошевска Попов, со Јелена Јованова во насловната улога и Ефтим Трајчов како нејзин партнер, ќе доживее премиера на сцената на Народниот театар во Штип.

Традицијата или местата каде што се сретнуваат локалното и општото, политиката која што ги доведува во судир општеството и поединецот, војната помеѓу доброто и злото, сексуалноста и односите помеѓу мажот и жената и генерално во семејството... биле основните мотивациски фактори што ја натерале Драгана Милошевска Попов да се зафати со поставување на „Хасанагиница“ од Љубомир Симовиќ на сцената на Народниот театар од Штип.
Актерката Јелена Јованова во театарската претстава Хасанагиница на Штипскиот театар.

Актерката Јелена Јованова во театарската претстава Хасанагиница на Штипскиот театар.


Ние живееме во едно време во кое за жал целта ги оправдува сретствата и прашањето со кое многу се занимаваме е всушност тоа- кој е тој степен на трпение, колку тоа ние можеме да истрпиме понижувања од некој кој е над нас и колку сме ние спремни да понижуваме луѓе кои се под нас или што ни го дозволуваат тоа.
Режисерката, која досега ги има потпишано и „Дундо Марое“ во МНТ, „Зад кулисите“ во Турскиот театар и „Силвија“ во Народниот театар во Куманово, вели дека текстот долго го носела во себе и дека претставата се занимава со едно време и со еден простор во кој сите ние денес живееме.

„Ние живееме во едно време во кое за жал целта ги оправдува сретствата и прашањето со кое многу се занимаваме е всушност тоа - кој е тој степен на трпение, колку тоа ние можеме да истрпиме понижувања од некој кој е над нас и колку сме ние спремни да понижуваме луѓе кои се под нас или што ни го дозволуваат тоа.“
Подготовка за театарската претстава Хасанагиница на Штипскиот театар. Евтим Трајчов, Драгана Милошевска Попов и Јелена Јованова.

Подготовка за театарската претстава Хасанагиница на Штипскиот театар. Евтим Трајчов, Драгана Милошевска Попов и Јелена Јованова.


Милошевска дополнува дека нејзината претстава е нераскинливо врзана со традицијата, но дека притоа актерите ги говорат стиховите на модерен начин, на начин на кој што тоа го прават луѓето од нејзината генерација. Притоа, таа вели дека Јелена Јованова, која како гостинка од МНТ, по пауза од шест години се појавува на сцената во родниот град, изградила лик што плени со сопствената надмоќност и морална храброст.
Мојата Хасанагиница како да не е од овој свет, од една страна е многу блиска до сите нас кои ги гледаме, не ги гледаме или намерно ги игнорираме тие некои невидливи конци кои се изврзани за нашите раце и нозe и кои се поврзани горе во нечии раце на некој што одбрал на некој начин да биде семоќен куклар. Од друга страна, Хасанагиница е жена која ретко ја среќаваме, човек кој е свесен за сето тоа што ни се случува и се обидува да ја обелодени својата неправда.

„Мојата Хасанагиница како да не е од овој свет, од една страна е многу блиска до сите нас кои ги гледаме, не ги гледаме или намерно ги игнорираме тие некои невидливи конци кои се изврзани за нашите раце и нозe и кои се поврзани горе во нечии раце на некој што одбрал на некој начин да биде семоќен куклар и не манипулира, не отупавува, не држи под контрола, не држи во страв. Од друга страна, Хасанагиница е жена која ретко ја среќаваме, човек кој е свесен за сето тоа што ни се случува и којшто е буден за сето тоа и се обидува да ја обелодени својата неправда и да ја исправи, без кукавичлук и без страв да се ослободи. За жал нејзината слобода завршува со смрт“, ќе забележи Јованова за својата Хасанагиница.

Во оваа сторија за распадот на едно семејство во што голем удел има политиката нејзини партнери се Миле Вратеовски како Хасанага, Ефтим Трајчов како бег Пинтеровиќ, а играат и Владимир Тулиев, Руиш Беговска, Елица Арева и останатите актери на ансамблот на Штипскиот театар. Сценограф е Владимир Ѓоревски Рафик, Марија Пупучовска ги изработи костимите, а музиката ја напиша Марјан Нечак.

Инаку, во градот под Исарот владее огромен интерес за претставата што подразбира дека се продадени и билетите за репризата на „Хасанагиница“, а Трајче Кацаров како прв човек на Штипскиот театар истакнува дека по три месеца тие имаат сценски практикум што го заслужува сето внимание.

„На штипскиот театар многу пати му гостувале и многу пати испраќал пораки преку вака големи текстови и вакви интересни претстави. Се надевам дека и понатаму ќе биде во дослух со публиката и на најдостоен начин, на најтеатарски начин ќе ја згрижува нивната духовна глад.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG