Достапни линкови

„Животот е сон“ премиерно во МНТ


Сцена од претставата „Животот е сон“, работена според Педро Калдерон де ла Барка, во режија на Владо Цветановски.

Сцена од претставата „Животот е сон“, работена според Педро Калдерон де ла Барка, во режија на Владо Цветановски.

Во МНТ е поставена преставата „Животот е сон“, работена според Педро Калдерон де ла Барка, во режија на Владо Цветановски.

За мене театарот е средба и од средбата се случува театар – истакна режисерот Владо Цветановски во пресрет на премиерната изведба на „Животот е сон“ - претставата работена според најдоброто дело што излегло од перото Педро Калдерон де ла Барка. Тој вели дека нему некако природно му се чинело автореферентно да си постави некои битни прашања за оваа тема.
И животот и театарот излетуваат како река, во тоа истекување ја гледаме сенка на сенката, сенка на мечтата вели Калдерон.

„И животот и театарот излетуваат како река, во тоа истекување ја гледаме сенка на сенката, сенка на мечтата вели Калдерон.“
Актерот Владо Јовановски.

Актерот Владо Јовановски.


Во постановката на Цветановски, втора кај нас откако Слободан Унковски во 1988 година ја режираше во Драмски театар, улогите ги толкуваат актери од неколку генерации како Владо Јовановски, Петар Мирчевски како гостин од Битолскиот народен театар, Васил Шишков, Висар Вишка кому ова му е прв проект како вработен во МНТ, Искра Ветерова, Арна Шијак и други „поголеми сонувачи од мене“ како што ќе забележи режисерот.
Поентата е да се запрашаме сите дали животот е сон или сонот е живот, а јас велам само сакам да сонувам.

„Поентата е да се запрашаме сите дали животот е сон или сонот е живот, а јас велам само сакам да сонувам“, истакнува Васил Шишков.

Тој по втор пат се среќава со текстот на Калдерон и вели дека улогата која што толку природно се залепила на неговата личност му ја посветува на споменот на својот професор и бард на македонското глумиште Кирил Ристевски.
Владо Јовановски , пак, дополнува дека претставата е производ на нивните соништа и дека тие како генерациски разнородна екипа уживале во процесот на подготовката на проектот.

„Не секогаш имам среќа да влезам во ваква екипа каде без конфликти ќе ни се даде на направиме нешто толку колку што сме заслужиле, во таа смисла сум благодарен што ми се случи ваква екипа, колеги и режисер.“

Говорејќи за „Животот не е сон“ Арна Шијак дополнува дека нивната претстава не е произлезена само од перото на Калдерон туку тоа е и магија изнедрена од светот што целиот свој живот го сонува Цветановски.

„Престава која верувам ќе кореспондира со секое живо битие на овој свет бидејќи ги чепнува архетипските мигови какви што се слобода, живот, окован човек, свесен за тоа или не, дел е од сонот или не.“

Кон ова само уште информацијата дека костимите се дело на Благој Мицевски, сценографијата е на Владо Ѓорески Рафик , а инспиративната музика за „Животот не е сон“ овојпат ја потпишува Оливер Јосифовски од групата ЉУБОЈНА.
Инаку, на Владо Цветановски кој важи за „еден од најдобрите визуалисти во македонскиот театар“ ова му е прва претстава во МНТ по цели 13 години пауза и таа влегува во низата од успешни проекти во која се: „Сите лица на Петре М. Андреевски“, „Среќата е нова идеја во Европа“, „Подземна република“, „Емигранти“, „Крпен живот“, „Тартиф“ и други.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG