Достапни линкови

„Животот на Молиер“ го врати Поповски во МНТ


Животот на Молиер во МНТ.
Животот на Молиер во МНТ.

„Животот на Молиер“ од Михаил Булгаков на сцената на Македонскиот народен театар по подолго време ги враќа режисерот Александар Поповски и актерот Никола Ристановски.

Безмалку 11 години по „Балканот не е мртов“ и само два месеца по премиерата на „Опасни врски“ во Марибор, Александар Поповски во МНТ ја потпишува „Животот на Молиер“ од Булгаков, претстава за која вели дека му остава можност да им се врати на некои суштински прашања, да проговори за луѓето зад завесата и така го одбележи своето враќање „дома“.
Секој оној што не сака баш секој ден надворешниот свет да му влијае на животот ќе се препознае овде. Има многу луѓе кои ќе се најдат во тоа дека си ја бранат својата професија. Ние првенствено сме врзани на некој начин, нашата професијата не одредува, треба да си ги браниме професиите.
Александар Поповски, режисер.

„Секој оној што не сака баш секој ден надворешниот свет да му влијае на животот ќе се препознае овде. Има многу луѓе кои ќе се најдат во тоа дека си ја бранат својата професија. Ние првенствено сме врзани на некој начин, нашата професијата не одредува, треба да си ги браниме професиите.“

Според Никола Ристановски, кој во изминативе години до повторната соработка со Поповски со голем успех настапуваше на театарските сцени во соседните земји, проектот со кој во главна улога се враќа во МНТ е непретенциозен театарски чин и пиеса која ќе и понуди топлина на публиката.

„Се обидовме да направиме еден непретенциозен тетарски чин, затоа што јас генерално верувам во непретенциозни работи, сите оние
Театарот кој има амбиции да биде поважен од животот се зафркнал. Ниедно време не е посебно време и посебен контекст, во таа смисла јас се надевам дека оваа претстава ќе биде топол театарски чин.
Никола Ристановски, актер.

претенциозни работи ги поистоветувам со тенкови коишто газат по нашите глави. Значи се што е претенциозно е спротивно на мојата замисла на она што треба да биде театарот. Театарот кој има амбиции да биде поважен од животот се зафркнал. Ниедно време не е посебно време и посебен контекст, во таа смисла јас се надевам дека оваа претстава ќе биде топол театарски чин. “

Доајенот на македонското глумиште , актерот Емил Рубен откако ќе ги поистовети „Животот на Молиер“ со „Животот на театарот“ вели дека неоправданиот оптимизам е суштинското прашање на кое треба да одговори публиката.

„Мислам дека одговорот на ова прашање: Дали театарот е неоправдан оптимизам?, е на страна на публиката. Публиката треба тоа да го одговори. “

Покрај Ристановски и Рубен, во претставата која се подготвуваше во изминативе седум месеци што за наши прилики е долг процес, играат и Драгана Костадиновска, Сашка Димитровска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Марија Новак како и гостите Игор Ангелков, Нина Дејан, Денис Абдула и Никола Ацевски.
За соработката со нив Поповски вели дека наново ја изнедрила примарната автентнична емоција што не може да се постигне на ниедно место сем овде дома, а во целиот процес на креирање на претставата извонредно битни се сценографијата на Свен Јонке, костимите на Снежана Пешиќ Раиќ и соработката со асистентот Италијанецот Лука Кортина, кој од Фиренца дошол да студира во Скопје откако бил фасциниран токму од проект на македонскиот режисер.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG