Достапни линкови

Русија сака да помогне во изградбата на нова нуклеарка во Иран


Русија помогна во изградбата на првата нуклеарна централа во Бушер - Иран

Русија помогна во изградбата на првата нуклеарна централа во Бушер - Иран

Заменик – шефот на руската државна нуклеарна компанија изјави дека Русија е подготвена да ја помогне изградбата на новата нуклеарна централа во Иран. Росатом Николај Спаски изјави дека тоа не е забрането и доколку има можност за профит и ако навистина постои проект, тогаш Русија е подготвена. Иранските медиуми јавија дека се планира изградба на уште една нуклеарка во земјата покрај веќе постоечката во Бушeр - проект кој е предвидено да се комплетира до 2014 година. Русија и Иран соработуваа за изградба на првата централа во Исламската република. Најавите за изградба на нова нуклеарна централа во Бушер се случуваат во услови на растечка меѓународна загриженост за нуклеарната програма на официјален Техеран, за која се стравува дека може да произведе нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG