Достапни линкови

logo-print

Малку вработени, многу пензионери


Илустрација: Пензионери.

Илустрација: Пензионери.

Населението старее, се продолжува животниот век. Ако не се зголеми бројот на вработени, пензискиот систем ќе снема пари.

Истражувањата кои покажуваат дека пензискиот систем на Црна Гора кој е применет во многу земји, а е сличен и на нашиот ќе ја доживее судбината на Грција ако не се реформира, предзивика внимателност кај економистите отворајќи го прашањето дали и кај нас во иднина може да се очекуваат промени. Додека посериозни истражувања на оваа тема не се направени, домашните анлитичари се загрижени дека овој пример покажува дека финансиската криза го отвори и ова прашање и оти треба да се размислува каков вид тешкотии може да има ако не почне да се зголемува бројот на ново отворени работни места.
Проценките се дека на пример и Германија ќе дојде до една ваква ситуација за некои 15 години и таму финансиската криза остави траги. Потребни се системски промени во економијата за да се намали бројот на невработените, тоа јас го гледам како единствен излез.

„Треба да се размислува за отворање на нови работни места, на привлекување инвестиции, странски инвестиции поготово, меѓутоа и тука промените треба да бидат на начин на кој ќе бидат мотивирани инвеститорите, а не само да изјавуваме дека еве бараме, носиме инвестиции и тн“, вели професорот по еконимија Сеадин Џафери.
Илустрација.

Илустрација.


Тој вели дека се обидува да сфати какво влијание може да има невработеноста врз полнењето на државнта каса. Тој тврди дека Македонија треба да почне со промени во економијата бидејќи не постои доволна акумулација на пари за исплата на идни пензии. Тоа е всушност проблемот на пензискиот систем воопшто и кој во многу помогна за банкротот на Грција, вели Џафери.
Има пари или нема пари, тоа е друго прашање. Има извори или нема, исто така. Некогаш се врши пренамена, пензиите се мал обем на права. Сега се јавува една друга парадоксална ситуација, Европа старее, Македонија старее. Со самото стареење се зголемува бројот на пензионери, бројот на корисници, продолжува животниот век, а со самото тоа и периодот на години во кои се добива пензија продолжува.

„Проценките се дека на пример и Германија ќе дојде до една ваква ситуација за некои 15 години и таму финансиската криза остави траги. Потребни се системски промени во економијата за да се намали бројот на невработените, тоа јас го гледам како единствен излез.“

Творецот на чилеанскиот пензиски систем Хозе Пињера тврди дека во Црна Гора, бидејќи односот на работниците кон пензионерите е на исклучително ниско ниво, тоа ќе услови раст на дефицитот, кој ќе мора да ја финансира владата. И кај нас, Фондот се полни од придонесите за осигурување што ги плаќаат вработените, но тој број не се зголемува. Некои економисти посочуваат дека се јавува друга парадоксална ситуација, а тоа е стареењето. Значи повеќе пари треба за пензии, а помал е бројот на активно население односно население кое создава и со самото тоа се јавува тој генерциски јаз односно потреба за покривање на недостигот на средства по разни основи кои се слеваат во Фондот. Економистите исткнуваат дека пензиите се стекнати и утврдени права, кои државта мора да ги реализира.

„Има пари или нема пари, тоа е друго прашање. Има извори или нема, исто така. Некогаш се врши пренамена, пензиите се мал обем на права. Сега се јавува една друга парадоксална ситуација, Европа старее, Македонија старее. Со самото стареење се зголемува бројот на пензионери, бројот на корисници, продолжува животниот век, а со самото тоа и периодот на години во кои се добива пензија продолжува“, коментира професор Јован Пејковски.

Во Законот за старосна пензија, каде што се утврдени правата, постои обврска да се усогласува нивото на пензиите со нивото на индексација на инфлацијата во пензиските примања.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG