Достапни линкови

„Дупката“ во пензискиот фонд се надоместува од Буџетот


Пензионери
Пензионери

Вториот и третиот пензиски столб се стабилни, ништо не ги руши. Првиот пак, оној државниот, секоја година, се повеќе и повеќе, се полни со пари од буџетот.

Турбулентниот период на светските пазари на капитал, кризата на економиите во Европа и кризата во еврозоната, како и финсискиот долг на Грција, нема многу да се рефлектираат на домашните пензиски друштва. Преставниците на вториот и на третиот пензиски столб во земјава, велат дека пензискиот систем е така дизајниран, што налага инвестирање на средствата на долг рок.

Првиот човек на КБ Прво пензиско друштво, Јанко Тренковски вели дека дека токму овој период треба да се искористи, да се позиционира портфолиото на долг рок.
Портфолиото е така димензионирано за да ги претрпи сите промени во однос на пазарите на капитал. Има изложување кон обврзници на странски држави кои што согласно законот биле одобрени и сметаме дека тоа нема да внесе голем стрес на портфолиото.
Јанко Тренковски, КБ Прво пензиско друштво.

„Портфолиото е така димензионирано за да ги претрпи сите промени во однос на пазарите на капитал. Има изложување кон обврзници на странски држави кои што согласно законот биле одобрени и сметаме дека тоа нема да внесе голем стрес на портфолиото.“

И од НЛБ Нов пензиски фонд велат дека тие засега не се изложени на грчкиот долг, ниту на било какви странски обврзници.

Преставниците на пензиските друштва, имаа средба со министерот за труд и социјална работа, Спиро Ристовски. Тие се договориле во следните неколку недели да работат на подобрување на пензискиот систем.

„Сите прашања коишто се поврзани со овој систем ќе бидат предмет на дискусија во наредните неколку недели во кој што заеднички со друштвата ќе изготвиме еден пакет на предлози со којшто ќе се обидиме да го подобриме квалитетот на системот.“

Тоа е што се однесува на вториот и на третиот пензиски столб. Што се однесува на државниот пензискиот фонд, тој, од државната каса секоја година добива се повеќе пари.
За наредната година планирате 16 милијарди 488 милиони денари, повеќе од 250 милиони евра, па тоа е пола од пензиите што се исплаќаат или треба да се исплатат од Фондот, сега треба да се исплаќаат од буџетот на РМ. И до каде може да се оди со ова?”, вели Марјачно Николов од СДСМ.
Марјачно Николов од СДСМ.

Во 2008 повеќе од 27 проценти од буџетот на Фондот го одвоила Владата, следната година тој процент изнесувал 33,7 проценти, минатата година биле одвоени 35 проценти, пред некое време повторно со мини ребаланс на буџетот, Владата одвои пари за пензии. И со буџетот за следната година, е предвидено, дупката во фондот, да ја надомести државата. Од опозицијата прашуваат дали оваа практика на владата е одржлива на долг рок.

„25 милиони евра префрливме со предлог одлуката за прераспределба сега за наредната година планирате 16 милијарди 488 милиони денари, повеќе од 250 милиони евра, па тоа е пола од пензиите што се исплаќаат или треба да се исплатат од Фондот, сега треба да се исплаќаат од буџетот на РМ. И до каде може да се оди со ова?“, вели Марјачно Николов од СДСМ.

Со „дупка“ во пензиските фондови, не се соочува само Македонија, со тој проблем се соочуваат и европските земји. Едни ја зголемуваат стапката на придонеси за пензиско, други го зголемуваат стажот, се зголемува старосната граница.

Министерот за финсии Зоран Ставрески најави дека следната година во декември ќе има зголемени плати и пензии. Но, експертите се сомневаат во тоа со оглед на случувањето во соседството и еврозоната, и препорачуваат избегнување на вакви расходи во блиска иднина.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG