Достапни линкови

Пензиите доцнат, ама ќе се зголемуваат


Пензиите мора да се зголемуваат, ама од каде да се најдат пари. Пари има, само нека се скрати од непродуктивните трошења, вели опозицијата.

Зголемувањето на пензиите што го најави Министерството за труд и социјална политика предизвика внимателност кај економистите отворајќи го прашањето од кај ќе бидат обезбедени пари. Многу од нив сметаат дека тоа не е сигнал дека тргнале работите зошто претходно се повеќе почна да доцни исплатата на пензиите, а се гледа дека нема реално објективни извори од каде може да се одржи и сегашното ниво, а камо ли да се зголемува. Фондот се полни од придонесите за осигурување што ги плаќаат вработените, но тој број не се зголемува.
Во Законот за старосна пензија, каде што се утврдени правата, постои обврска да се усогласува нивото на пензиите со нивото на индексација на инфлацијата во пензиските примања. Со самото тоа се постигнува одржливост на пензиите.
Јован Пејковски, универзитетски професор.

Иако треба да се види како ќе ги обезбеди парите, најавата предизвикува загриженост околу уште поголемо задолжување. Или се работи за демагошки декларации дека се зголемуваат пензиите или за тој минимален процент ќе биде потребно уште поголемо задоложување или тоа се прави за смирување на потенцијалниот револт кај вработените и пензионерите поради тоа што секој месец има се поголеми тешкотии да се исплатуваат пензиите и тоа се прави благодарение на задолжување на владата на домашниот пазар. Сепак, други нагласуваат дека неопходно било да се направи ваквата корекција поради фактот дека е потребно да се усогласи нивото на пензиите со нивото на растот на трошоците на живот.
Како ќе се одлучи владата, тоа е нејзино ингерентно право, да издаде обрзница, обрзница дома, обврзница надвор, да земе кредит, како било, но тоа е должност на владата. Македонија е и социјална држава, мора да постои таа гаранција на правото, некој 40 години уплаќал пензиски придонес и сега наеднаш му велите нема пензија.
Јован Пејковски, универзитетски професор.

„Во Законот за старосна пензија, каде што се утврдени правата, постои обврска да се усогласува нивото на пензиите со нивото на индексација на инфлацијата во пензиските примања. Со самото тоа се постигнува одржливост на пензиите“, коментира професор Јован Пејковски.

Доколку постои помал обем на прилив во Фондот, тоа значи дека владата е задолжена со трансфер на средствата од буџетот да обезбеди остварување на правата по основ на пензиско осигурување.

„Како ќе се одлучи владата, тоа е нејзино ингерентно право, да издаде обрзница, обрзница дома, обврзница надвор, да земе кредит, како било, но тоа е должност на владата. Македонија е и социјална држава, мора да постои таа гаранција на правото, некој 40 години уплаќал пензиски придонес и сега наеднаш му велите нема пензија“, вели Пејковски.

Иако треба да се види како ќе се обезбедат парите, најавата предизвикува загриженост околу уште поголемо задолжување. Опозицијата истакнува дека вистинската природа на економската политика е насочена за доброто на партијата, а не за доброто на земјата. Владата во целава ситуација со ребалансот се обидува да се прикаже како чувар на платите, пензиите, субвенциите, социјалната помош. Меѓутоа, вистината е дека има трето купче на пари коешто владата љубоморно го чува, го крие и за тоа купче не зборува, нагласи Јовановски. Тоа е купчето од коешто владата ги троши парите за практично да си купува рејтинг, од тоа купче се плаќаат рекламите, од тоа купче се плаќаат врбите, од тоа купче се плаќа барокот и фасадите и тн., вели Јовановски.

„Може да се сочуваат и платите и пензиите и социјалните трансфери и субвенциите и не мора толку да се крати од капиталните инвестиции ако се скрати од тоа трето купче што владата го чува“, рече Јовановски.

Според највата дека ќе се зголемуваат пензиите, што дојде како изненадување, на крајот на 2012 односно почетокот на 2013 година, пензиите ќе бидат покачени за 5 проценти, а дефинирано е дека во наредните години ќе има нивно прогресивно зголемување. Последните неколку месеци на некои корисници пензиите им се исплатуваат со задоцнување од неколку денови.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG