Достапни линкови

Средба за спас на мировниот план меѓу Анан и Асад


Кофи Анан

Кофи Анан

Специјалниот пратеник на Обединетите нации-Арапската лига Кофи Анан ќе се сретне со сирискиот претседател Башар ал-Асад со цел да се обиде да го спаси неговиот мировен план. На денешните разговори во Дамаск им претходеа убиства на најмалку 108 луѓе, главно деца и жени, во централниот град Хула. Анан го нарече масакрот "Застрашувачки момент со длабоки последици." Тој рече дека виновниците мора да сносат одговорност, и ги повика "сите со пиштол" да се придржуваат кон неговите планот од шест точки за да се стави крај 15 месеци на насилство. Советот за безбедност ја осуди употребата на артилерија од страна на сириската влада и употребата на тенкови врз Хула. Официјален Дамаск ги обвинува опозициските борци за извршениот масакар.
XS
SM
MD
LG