Достапни линкови

Димитриев - Случувањата во Македонија и на Косово не се координирани


Протести во Скопје по петкратното убиство кај Смиљковското Езеро.

Протести во Скопје по петкратното убиство кај Смиљковското Езеро.

Случувањата во Македонија и на Косово не треба да се гледаат од аспект на една целина и не верувам дека зад тоа стои одреден центар којшто ги координира, вели заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев.

Освен последните изјави на директорот на бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски кој ја исклучи можноста петкратното убиство кај Смиљковското Езеро да било одмазда на мафијата, МВР не излегува со нови детали до каде е истрагата за овој случај. Министерката Јанкулоска претходно го навести дозираното пуштање во јавност на информации кои, како што рече, би можеле да и наштетат на истрагата.
Моите информации говорат дека овие случувања во Македонија и на Косово можеби не треба да се гледаат од аспект на една целина, значи ова се издвоени активности во Република Македонија и на Косово. Не верувам дека зад тоа стои одреден центар којшто ги координира.

Додека напнатоста во Македонија во исчекување на исходот од целиот случај поставува нов тест пред меѓуетничките односи, во регионална смисла состојбата ја комплицираат и најавените српски избори на Косово. И додека македонските институции смирено гледаат на целиот контекст, без очекувања за последици по безбедноста, експертската јавност потсетува дека регионот секогаш реагирал по принципот на врзани садови па дополнителна будност е во секој случај неопходна.
Нов контингент од 700 војници на НАТО пристигнува на Косово.

Нов контингент од 700 војници на НАТО пристигнува на Косово.


Не се очекуваат нарушувања на безбедноста во регионот, категоричен заменик министерот за одбрана Емил Димитриев, гледајќи, како што вели, одвоено на состојбите од двете страни на границата.
Вообичено е кога ќе се случат избори во нашиот регион, значи Албанија, Косово, Македонија, многу често да слушаме и радикални изјави од сите страни, да кажеме, што дополнително ја влошува меѓуетничката состојба во регионот. Таквите изјави обично доаѓаат за прибирање на некое политичко поенче.

„Моите информации говорат дека овие случувања во Македонија и на Косово можеби не треба да се гледаат од аспект на една целина, значи ова се издвоени активности во Република Македонија и на Косово. Не верувам дека зад тоа стои одреден центар којшто ги координира“, вели Димитриев.

Сепак, како што потенцира, секое дестабилизирање на состојбата на Косово може да предизвика и поширока дестабилизација, вклучувајќи ја тука и Македонија.

Состојбата во регионот реагира по принципот на врзани садови. Во последниве дваесет години во регионот се постојано присутни одредени радикални структури коишто во секое време можат да предизвикаат дестабилизација на сосотојбите во регионот, вели професор Владимир Пивоваров. Во вакви околности безбедносната состојба, особено меѓуетничките односи, се под особена опасност на политичарите и нивните манипулации во своја корист, додава Пивоваров.

„Вообичено е кога ќе се случат избори во нашиот регион, значи Албанија, Косово, Македонија, многу често да слушаме и радикални изјави од сите страни, да кажеме, што дополнително ја влошува меѓуетничката состојба во регионот. Таквите изјави обично доаѓаат за прибирање на некое политичко поенче.“

Пивоваров додава и дека дополнителниот контингент од 700 војници на Косово покажува дека состојбата е проценета како нестабилна и дека тие се донесени во функција на превенција на состојбата. Силите на КФОР на Косово, како што е најавено, ќе бидат дополнети со 150 австриски и 550 германски војници.
XS
SM
MD
LG