Достапни линкови

Косовските Срби не го слушаат Белград


Архивска фотографија: Собир на косовските Срби во Митровица.

Архивска фотографија: Собир на косовските Срби во Митровица.

Србите на северот на Косово ќе спроведат локални избори и покрај апелите на српскиот министер за Косово Горан Богдановиќ да не го прават тоа. Според нив, неодржувањето на локалните избори ќе значи прифаќање на независно Косово.

Косовските Срби се обврзани да ги одржат локалните избори со оглед на тоа што нив ги распиша српското собрание и тоа на целата територија на Косово, вели таканаречениот претседател на општината во северниот дел на Митровица Крстимир Пантиќ.
Апелот на господин Богдановиќ никој не го зема за сериозен. Изборите ќе бидат локални и тоа во сите општини каде што истече мандатот и каде што дозволуваат безбедносните услови.

„Апелот на господин Богдановиќ никој не го зема за сериозен. Изборите ќе бидат локални и тоа во сите општини каде што истече мандатот и каде што дозволуваат безбедносните услови.“
српскиот министер за Косово Горан Богдановиќ

српскиот министер за Косово Горан Богдановиќ


На сличен став е и Милан Ивановиќ, еден од претставниците на Србите на северот на Косово, кој додава дека српската влада и министерот за Косово Горан Богдановиќ не се обиделе да бидат конструктивни и да разговараат со нив:

„Надвор од умот е дека можат да се одржат парламентарни и претседателски избори, а не и локални. Ако прифатиме да не одржиме локални избори, значи дека го прифаќаме планот на Ахтисари, како и независно Косово.“
Она што е важно да го знаат граѓаните е дека органите на локалната самоуправа секако ќе опстанат на Косово и тие ќе функционираат. За се друго државата ќе се движи во рамките на Уставот, законите и резолуцијата 1244.

Официјална Приштина претходно се изјасни дека нема да дозволи одржување на српски локални избори на Косово и најави дека ќе преземе соодветни мерки.

Од друга страна, како што се наведува во Белград, со откажувањето од локалните избори, српската влада всушност нема да ги угаси своите тамошни институци. Откажувањето Белград го образложи со негативниот одговор од УНМИК, односно дека не сака да ја крши резолуцијата 1244 на Советот за безбедност.

„Она што е важно да го знаат граѓаните е дека органите на локалната самоуправа секако ќе опстанат на Косово и тие ќе функционираат. За се друго државата ќе се движи во рамките на Уставот, законите и резолуцијата 1244“, вели шефот на српскиот преговарачки тим со Косово Борислав Стефановиќ.

Тоа го потврдува и министерот Богдановиќ кој не ја затвора вратата во иднина да се одржат локални избори.
Борислав Стефановиќ и Крстимир Пантиќ

Борислав Стефановиќ и Крстимир Пантиќ


„Ние сигурно нема да се откажеме од одржување локални избори подоцна. По завршувањето на овој циклус, повторно ќе разговараме со УНМИК и тоа ќе го бараме.“

Сегашното откажување од локалните избори на Косово, според директорот на Центарот за евроатлантски студии Јелена Милиќ, е позитивен чекор. Но, таа додава:

„Во секој случај, борбата за укинување на паралелните институции ми се чини дека нема да оди лесно. Најважно е како да и се објасни на српската заедница на Косово дека тоа не прекин на комуникациите, туку воспоставување нови механизми што се во согласност со договорите кои Србија ги направи со Европската унија и со косовската влада.“
XS
SM
MD
LG