Достапни линкови

logo-print

Тензиите можат да влијаат врз евроинтеграциите


Архивска фотографија: Насилни протести во Скопје по петкратнопто убиство во Смиљковци.

Архивска фотографија: Насилни протести во Скопје по петкратнопто убиство во Смиљковци.

Македонија да се справи со ситуацијата не дозволувајќи да дојде до посериозни последици и да покаже дека е зрела демократија, советуваат експертите.

Моменталната ситуација, тензиите и стравот од нарушување на безбедноста во земјата, влијаат врз нашите евроинтегративни процеси, велат експертите со кои разговаравме. Пред неколку денови и чешкиот премиер Петр Нечес при посетата на земјава рече дека тензиите по убиството на петтемина кај Смилковци можат да влијаат на интеграцискиот пат на земјава.
Впечатокот дека овие настани се режирани, дека овие настани ја блокираат Македонија, дека овие настани служат на одредена структура која сака да ја држи Македонија во таков грч, се порака дека имаме незрела политичка елита за вакви евроатлантски интеграции.

Сето она што се случува на домашен план влијае и на надворешната политика. Земјата се наметнува како несериозна и неподготвена земја за започнување на преговорите за членство во ЕУ и НАТО, вели професор Алјадин Демири.

„Впечатокот дека овие настани се режирани, дека овие настани ја блокираат Македонија, дека овие настани служат на одредена структура која сака да ја држи Македонија во таков грч, се порака дека имаме незрела политичка елита за вакви евроатлантски интеграции.“
Да им покажеме како ние тие прашања ги расчистуваме и во моментот при овие тешки денови да биде пример како еден зрел граѓански мозаик од народи може да се справи со чудовишна ситуација, која никој од нас не ја посакува.

И покрај кризите, и покрај чудовишните настани кои ни се случуваат деновивие, мислам дека македонското општество покажа зрелост, состојбата ја менаџираше на високо ниво и не дојде до посериозни последици, вели поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле. Македонија може да биде пример за другите земји во регионот кои не се членки на ЕУ, вели Чашуле.

„Туку да им покажеме како ние тие прашања ги расчистуваме и во моментот при овие тешки денови да биде пример како еден зрел граѓански мозаик од народи може да се справи со чудовишна ситуација, која никој од нас не ја посакува.“

Алијансата досега не сакала во своите редови да прими земја која има внатрешени проблеми. И сето она што се случува во Македонија на безбедносен план секако влијае врз одлуките на оние кои го мониторираат капацитетот на државата која сака да влезе во НАТО , вели поранешниот амбасадор во организацијата, професор Нано Ружин. Од нивна страна може да има само совети како земјата да се справи со ситуацијата, но не и сожалување врз база на кое би ја примиле земјата во семејството.

„Постои едно јавно мислење во рамките на самата Алијанса кое што бдее, кое што набљудува, кое што анализира, што се случува во една држава, кој може да провоцира, одредени дестабилизаторски инпут елементи, но од друга страна, како што реков, приемот на државата е пред се прашање на консензус и пред се прашање на стабилност на државата.“
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG