Достапни линкови

Попоски на состанокот на Советот на НАТО во Брисел


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски утре ќе учествува на состанокот на Советот на НАТО во Брисел посветен на мисијата ИСАФ. МНР соопшти дека на средбата се очекува да бидат разменети мислења за улогата на НАТО во последната фаза од транзицијата и пост-транзиција во Авганистан, особено во контекст на новиот Стратешки план на Алијансата за Авганистан и активностите по завршувањето на мисијата ИСАФ.
Исто така, ќе биде разгледана имплементацијата на активностите во рамките на „трајното партнерство“ со Авганистан, како и други прашања кои ќе бидат предмет на дискусија на претстојниот Самит на Алијансата во Чикаго.
XS
SM
MD
LG