Достапни линкови

Србија кандидат за ЕУ, Романија и Бугарија ќе почекаат за Шенген


Лидерите на земјите членки на ЕУ синоќа на Србија и го одобрија статусот кандидат за членство во Унијата. Претседателот на Европскиот Совет Херман Ван Ромпуј изрази надеж дека оваа одлука ќе ја поттикне Србија да ги продолжи напорите за исполнување на политичките и економските критериуми за членство во ЕУ. Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо изјави дека ова е добра одлука која покажува дека Европската Унија и натаму е привлечна.
Лидерите на Унијата решиле да ја одложат за септември одлуката за прием на Романија и на Бугарија во Шенген зоната, на што и натаму се противи Холандија. Според некои агенции, Романија се обидела да го поврзе добивањето на кандидатски статус на Србија со примањето во шенгенскиот простор, но Ван Ромпуј ги демантира таквите информации.
XS
SM
MD
LG