Достапни линкови

МВР пристапно, освен за случајот Љубе Бошкоски?


Министерската Јанкулоска вели дека МВР е отворено за контрола од пратениците. МВР е отворено за се, освен за случајот Бошкоски, обвинува опозицијата.

Опозицијата во недостиг на идеи и вистинска понуда за граѓаните секогаш прибегнува кон неаргументирани напади кон институциите, изјави во неделното интервју за Радио Слободна Европа министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на прашањето за опозициската иницијатива за нејзина интерпелација.

Интерпелацијата ја покрена опозициската НСДП на чело со Тито Петковски во врска со случајот „Кампања“ и следењето на комуникациите на опозиционерот Љубе Бошкоски кој е во затвор.
Тој во континуитет се обидува да ја убеди јавноста дека немал пристап до некои информации, односно дека му било оневозможено да дојде во МВР, меѓутоа јас во повеќе наврати со документ потврдив и покажав пред јавноста дека тој има отворена покана, да дојде кога сака, во кое било време и да посети кое сака лица од МВР.

Јанкулоска посочи дека на Тито Петковски му било понудено да се сретне со било кој претставник на Министерството за внатрешни работи

„Тој во континуитет се обидува да ја убеди јавноста дека немал пристап до некои информации, односно дека му било оневозможено да дојде во МВР, меѓутоа јас во повеќе наврати со документ потврдив и покажав пред јавноста дека тој има отворена покана, да дојде кога сака, во кое било време и да посети кое сака лица од МВР“, рече Јанкулоска.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.


Петковски, пак вели дека отворената покана на министерката важи за се`, освен за случајот кој ја интересира опозицијата.

„Таа ќе ги отвори вратите и архивите на МВР за било кој случај за којшто ќе посака опозицијата ама не и за Љубе Бошкоски, бидејќи за Љубе Бошкоски нема примена на никакви посебни истражни мерки. Ние и го отворивме проблемот на Комисијата за контрола врз работата на следење на комуникациите токму поради случајот кампања“, вели Петковски.
Таа ќе ги отвори вратите и архивите на МВР за било кој случај за којшто ќе посака опозицијата ама не и за Љубе Бошкоски.

Отворената покана до опозицијата да ги разгледа документите за случајот не ја исклучува интерпелацијата, вели политикологот Петар Арсовски.

„Во таа смисла, опозицијата може да ги прегледа документите и може да заклучи дека за нив, тие сметаат дека тие документи не се доволни, односно тие документи и тоа досие претставува основ за интерпелацијата, кои што правно не се поврзани еден со друг, но во секој случај е за поздравување потегот на Министерството да отвори една транспарентна постапка во која опозицијата и нејзините неистомисленици ќе можат да имаат увид во работата на Министерството“, вели Арсовски.

Од опозициската СДСМ велат дека тоа што партијата има да го каже, ќе го каже в понеделник, кога прашањето за интерпелацијата на Јанкулоска ќе се најде на дневниот ред во Собранието.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG