Достапни линкови

Нема политичка волја тајните служби да се стават под контрола. Дотогаш луѓето ќе се прашуваат: Дали јас сум следниот?, велат експертите.

Експертите се сомневаат дека постои политичка волја службите да се стават под контрола без разлика дали едната или другата гарнитура е на власт. Ваквиот однос произлегува и од одговорот на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска до Комисијата за надзор на спроведувањето на мерките за следење на комуникациите. Ова, придружено со недоречености во законската регулатива под знак прашалник ја става спремноста дека овој сегмент се сака да се реши.
Мислам дека господинот Петковски иако отиде многу тешко ќе најде трагови затоа што таму веднаш со едно притискање на копчето „delete“ ќе се уништат сите трагови, значи многу тешко во Република Македонија, заради системската поставеност, законот е недоречен, нема казнени одредби.

„Мислам дека господинот Петковски, иако отиде многу тешко ќе најде трагови затоа што таму веднаш со едно притискање на копчето „delete“ ќе се уништат сите трагови, значи многу тешко во Република Македонија, заради системската поставеност, законот е недоречен, нема казнени одредби со кои носителот на таа работа би бил утре санкциониран или кривично гонет како што е во Словенија или во други ситеми , кај нас тоа го нема “, коментира Есад Рахиќ, кој има искуство на претседател на Комисијата во перодот од 2006 до 2009.

Како што е познато, првата работа со која се зафати комисијата е да покрене прашања околу следењето на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски со оглед
Ќе открие ли Петковски неправилности во случајот на Бошкоски?

Ќе открие ли Петковски неправилности во случајот на Бошкоски?

на тоа што од МВР, како што јавно кажаа дека го следеле повеќе од два месеци и дошле до информација дека добил пари од заштитен сведок.
Комисијата во 2006 побара извештај од Управата за безбедност и контраразузнавање за префрлени средства но истиот никогаш не беше поднесен. Потоа од 2008 до 2011 претседател беше Бесим Догани кој беше опструиран. Со други зборови, ниеднаш оваа Комисија не успеа да дојде до било каква можност да види
Во Република Македонија многу луѓе се прашуваат дали сум јас следниот, значи се ствара една фама.
што се работи во службите.

Експертите сметаат дека секогаш ќе постои сомнеж дека граѓаните и дел од политичките партии може да бидат жртви на службите се додека не се донесе нов закон за парламентарен надзор и додека не се донесе закон за национална безбедност каде ќе се подели која служба што треба да работи. Во други земји во секое време овие комисии или независни инспекции назначени од Парламентот може да влезат и да побараат извештај.

Професор Владимир Пивоваров има искуство на претседател на Комисијата за воено разузнавање.

„Кај нас не е проблем законот кај нас е проблем човечкиот фактор, значи непочитувањето од една страна и второ треба да донесеме или подзаконски акти со кои ќе ги допрецизираме начините на вршење на контрола и тогаш нема да оставиме простор во јавноста за сомневање бидејќи сега верувајте во Република Македонија многу луѓе се прашуваат дали сум јас следниот, значи се ствара една фама.“

Пред случајот со следењето на Љубе Бошкоски имаше и други афери како на пример Големото уво или Сина птица, но ниедна од нив не се разреши.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG