Достапни линкови

Работна група за случајот Бошкоски


Работна група ќе утврдува дали бил прекршен законот за следење на комуникациите во случајот Бошкоски, заклучи на денешната седница собраниската комисија.

Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникации донесе заклучок да формира работна група која треба да утврди дали во комуникацијата меѓу МВР и лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски бил прекршен законот за следење на комуникациите. Претседателот на Комисијата Тито Петковски појасни дека материјалот добиен од МВР кој денеска беше разгледуван е сувопарен и оти е потребно да се отиде во МВР и да се побара увид во целокупната документација во врска со комуникацијата со Бошкоски.
После ургенција по скоро 40 дена доцнење, министерката за внатреши работи одговара дека МВР не следело посебни комуникации кон Љубе Бошкоски преку мобилната телефонија, фиксната и сателитската телефонска мрежа, а дека во врска со барањето кога се наредени посебните истражни мерки го наведува бројот на наредбите, но не и датумот кога се наредени.
Тито Петковски, претседател на Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникации.

„После ургенција по скоро 40 дена доцнење, министерката за внатреши работи одговара дека МВР не следело посебни комуникации кон Љубе Бошкоски преку мобилната телефонија, фиксната и сателитската телефонска мрежа, а дека во врска со барањето кога се наредени посебните истражни мерки го наведува бројот на наредбите, но не и датумот кога се наредени посебните истражни мерки.“

Работната група која треба да отиде во МВР треба да добие детален увид дали тој бил непосредно следен или во електронска комуникација и по ова да направи извештај. Двајца членови на работната група треба да бидат од редот на опозицијата, а по еден од парламентарното мнозинство. Околу ова треба да се направат консултации во наредните два дена. Инаку седницата на Комисијата за надзор се одржа без присуство на јавноста бидејќиматеријалот добиен од МВР е назначен како строго доверлив.

Сепак
Љубе Бошкоски
Љубе Бошкоски
, Петковски изрази изненаденост зошто материјалот има назнака „строго доверлив“ кога тој и е познат на јавноста. Петковски соопшти дека е решен и проблемот со безбедносните сертификати и оти нив ги имаат добиено сите членови на Комисијата. Тој информира дека на седницата била поканета и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска односно претставник од МВР, но комисијата немаше информација зошто никој не е дојден.

На последната седница на комисијата пред 10 дена беше доставена информацијата од МВР за која денеска се расправаше. Тогаш седницата беше одложена бидејќи сеуште претставникот на ДУИ и на ДПА немаа безбедносен сертификат.

Првата работа со која се зафати Комисијата е дека ќе го покрене прашањето околу следењето на Бошкоски дали е во согласност со законот со оглед на тоа што министерството јавно кажа дека го следело Бошкоски повеќе од два месеци и на тој начин дошле до информации дека добил пари од заштитен сведок.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG