Достапни линкови

Нема спас од високите сметки


Регулаторните тела не можат да ги заштитат граѓаните од високите сметки. Тие не се социјално, коментираат експертите. И додека граѓаните се борат со тоа како да излезат на крај со високите сметки, треба да размислуваат за алтернативи.

Во текот на традиционално најдолгиот месец во годината (од финансиска гледна точка) многумина скопјани треба да платат и над 150 евра за тоа што дома се греат на радијатори. Една од нив е и Татјана Лакардова од Скопје. Кога со семејството се вселила во станот, за греење плаќале околу 2.000 денари.

РСЕ: Колкава е сега сметката за парно?
Струјата не е добра алтернатива затоа што сметките за струја се дуплираат, немаш квалитетна струја, не, на струја никако греење, поготово не во згради кои се предвидени за парно греење.
Анкетиран граѓанин.

„4.300 денари за 58 метри квадратни грејна површина.“

РСЕ: Дали сте размислувале за алтернатива на парното греење?

„Многу соседи ја искористија инсталацијата од парното, си ставија котли дома и на струја се греат. Никогаш не им е топло како што треба, затоа што нормално струјата многу се покачи, и во цела зграда се исклучува струјата, зошто многу почнаа да се греат на струја.“

РСЕ: Сепак струјата исто така поскапе, дали сметате дека тоа е добра алтернатива?

„Не е добра алтернатива затоа што сметките за струја се дуплираат, немаш квалитетна струја, не, на струја никако греење, поготово не во згради кои се предвидени за парно греење.“
На струја се грееме, ама скапо е, се е скапо нема ефтино ни парно, ни струја, фала богу што да правиме, нема тоа е.
Анкетиран граѓанин.

Семејството Лакардови не се единствените кои ќе плаќаат поскапо греење. Анкетираните граѓани во рубриката „Хајд Парк“ велат дека затоплувањето со кој било кој енергенс е поскапено.

„На струја се грееме, ама скапо е, се е скапо нема евтино ни парно,
ни струја, фала богу што да правиме, нема тоа е.“

„Истите давачки се, 4.000 за струја, со кубик дрва месецот не можам да го поминам.“

Кој може да ги заштити граѓаните од високи сметки? Во јавноста не ретко се посочува регулаторната
Негова задача е кога ги поднесуваат трошоците да води контрола дали тие се надвор од некои нормални, разумни граници, тука е неговата улога.
Константин Димитров, Центар за енергетска ефикасност.
.

комисија како потенцијален заштитиник. Оваа институција не е социјална, вели професор Константин Димитров од македонскиот центар за енергетска ефикасност.

„Негова задача е кога ги поднесуваат трошоците да води контрола дали тие се надвор од некои нормални, разумни граници, тука е неговата улога.“

Се земаат предвид и цените за дистрибуција, оперативните трошоци како и осумте отсто профит кој им се дозволени на компаниите во енергетскиот сектор, објаснува Димитров.

„Да не можат да се одбегнат трошоците и не можеш да го натераш еден испорачател на енергија или производител да продава енергија поевтина отколку што он ја купил суровината на пазарот.“

Единствено решение е енергетска ефикасност, односно разумно трошење на енергијата, смета Димитров.

„И за тоа има совети, изолација, нови елементи, намалување на загуби, регулација на потрошувачката.“

Што им останува на граѓаните? Семејството Лакардови остануваат на парно греење.

„Сега засега дур малиот не порасне, а потоа, не знам што ќе правиме.“
XS
SM
MD
LG