Достапни линкови

logo-print

Преглед на печат - ракомет, парно и името


Настапот на ракометарите во Ниш, обновените преговори за името, високите сметки за парно, изградбата на плоштад Скендербег, дел од топ темите во весниците.

Изгубени некаде помеѓу информациите за несреќата на италијанскиот луксузен брод и преживувањето на единственото македонско семејсто во неа и еуфорично-патриотските вести за настапот на нашите ракометари во Ниш, во весниците, во неделава што изминува, ѕиркаат оние за обновувањето на македонско-грчките средби за името во Њујорк по иницијатива на медијаторот Нимиц.
На средбите меѓу Нимиц, Јолевски и Василакис имало повеќе дипломатски игри, отколку преговори и дека главна вест од македонската страна била дека Атина сака да преговара про форма за да добие време до самитот во Чикаго.

Утрински јави за „Скромни резултати од серијалот во Њујорк“, пренесувајќи ги оценките на странски посматрачи дека на средбите меѓу Нимиц, Јолевски и Василакис имало повеќе дипломатски игри, отколку преговори и дека главна вест од македонската страна била дека Атина сака да преговара про форма за да добие време до самитот во Чикаго.

Дневник, информира за поплаките од страна на претседателот Иванов до американскиот висок Дневник информира за поплаките од страна на претседателот Иванов до Рикер дека Грција не се ангажира за надминување на спорот за името

Дневник информира за поплаките од страна на претседателот Иванов до Рикер дека Грција не се ангажира за надминување на спорот за името

функционер Рикер дека Грција не се ангажира за надминување на спорот за името, и дека „Василакис одби заедничка средба со Нимиц и со Јолевски“.

На истава тема, Нова Македонија пишува за „ Блокада во Њујорк“ и дека се' посилни се навестувањата дека Грција ќе се повлечела од преговорите и ќе се откажела од Привремената спогодба за да ја спречи евроатлантската
Власта не сака да разговара за скапото парно. Пратениците од владејачката коалиција во Собранието го отфрлија барањето на опозицијата да се расправа за зголемувањето на цените на најважните животни енергенси.

интеграција на Македонија.

Вечер оди најдиректно со наслов каков што е: „Грција купува време, ги замрзнува преговорите и не сака посета на Нимиц на Регионот!“.

И, меѓу овие информации се провлекоа оние за реакциите кај граѓаните и кај опозицијата околу поскапувањето на парното. Утрински се чини најмногу се занимава со оваа тема, па објавува дека „Потрошувачите се оставени на немилост на Топлификација“ и дека „Опозицијата бара да се поништат поскапувањата на струјата и на парното.“
Вечер-Албанската држава и знаме ќе се слават со пари од буџетот?!

Вечер-Албанската држава и знаме ќе се слават со пари од буџетот?!


Нова Македонија насловува дека „Власта не сака да разговара за скапото парно“ и информира дека пратениците од владејачката коалиција во Собранието го отфрлиле барањето на опозицијата да се расправа за зголемувањето на цените на најважните животни енергенси.

Ова го инспирира Утрински во наслов да праша: „По струјата, парното, горивата - што е следно?“, а дневниот Фокус, пак, констатира дека „Бензините ги горат сите, Владата трупа пари“.

По повод почетокот на изградбата на плоштадот Скендер-бег во Скопје, Дневник и Нова Македонија, констатираат дека „Македонија ќе ја финансира 100-годишнината од независна Албанија“ и дека „Парите се на Владата, аранжманот на коалициониот партнер“, додека Вечер, со прашалник и чуденка, во насловот пишува: „Албанската држава и знаме ќе се слават со пари од буџетот?!“
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG