Достапни линкови

Граѓаните се откажуваат од парното


Од Организацијата на потрошувачи најавуваат иницијатива за промена на правилниците и методологијата на пресметка на цената на парното греење.

Од Организацијата на потрошувачи најавуваат иницијатива за промена на правилниците и методологијата на пресметка на цената на парното греење.

Расте бројот на граѓани кои поради најавеното зголемување на цената, се откажуваат од парното греење.

Најмалку пет јавувања дневно од поединци и од цели згради секојдневно прима Организацијата на потрошувачи, откако Топлификација најави зголемување на цената на парното греење од 7-14 проценти. Најголем број од нив најавуваат откажување на централното греење, бидејќи новата ставка станува неподнослива за буџетот на најголем број од граѓаните, вели претседателката на организацијата, Марија Лончар.
Оваа година се јавуваат поголем процент коишто сакаат да се откажат од парното греење, им паѓа животниот стандард, тука имаме луѓе кои што не можат тоа да го издржат.

„Оваа година се јавуваат поголем процент коишто сакаат да се откажат од парното греење, им паѓа животниот стандард, тука имаме луѓе коишто не можат тоа да го издржат, тие покачувања, и велат дека ќе живеат во мали соби и само таму ќе греаат и ќе ја преживуваат зимата“, вели Лончар.

За оваа недела, таа најавува јавно отворање на темата во релација со сите надлежни институции со цел да се побара промена на правилниците и методологијата на пресметка на цената на парното греење. Регулаторната комисија вели дека секој трошок којшто ја зголемува цената на парното вниметелно се проверува и ја признава само доколку е оправдан. Во тоа спаѓаат трошоците за гориво, за амортизација како и определена стапка на принос на капиталот.
Сите бројки што ги испорачува Топлификација, регулаторот ги зема здраво за готово.

На теренот, пак, владее хаос. Никој веќе не верува дека цената што ја бара Топлификација е реална, реагира професорот Атанаско Туневски. Регулаторите, според него, немаат вистински механизми со кои би утврдиле дека бројките што ги доставува Топлификација се резултат на нејзиното добро работење и дали можеле тие бројки да бидат и пониски.

„Како сум убеден дека тоа што го мерат не е помало од она што го измериле, значи треба таа Регулаторна комисија, според мене, треба да ангажира некого за да тој некој, некакви институции или некакви лица, за да се направи, анализира, бидејќи вака сите бројки што ги испорачува Топлификација, регулаторот ги зема здраво за готово.“

Хаосот, како што посочува Туневски, се зголемува поради исклучувањето на голем број станари со што трошоците за одржување на системот се префрлаат на оние кои останале да се греат на парно, потоа поради различните цени за исти квадратури што според него не може до крај да се оправда со добрата изолација на новите објекти.

Не постои ниту добра волја кај Владата да го ублажи овој силен удар од поскапување на парното кој е неподнослив за најмалку две третини од населението, вели професор Абдулменаф Беџети.

„Постои таква можност, познати се такви практики и ако сакате постои таков инструмент, кога Владата сака во одреден период да субвенционира дел на одредени социјални слоеви граѓани. Веројатно нема буџетски простор“, посочува Беџети.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG