Достапни линкови

СДСМ - Објектот на Македонската опера и балет да се вика Киро Глигоров


СДСМ покрена иницијатива, објектот на Македонската опера и балет во иднина да го носи името на Киро Глигоров.

СДСМ покрена иницијатива, објектот на Македонската опера и балет во иднина да го носи името на Киро Глигоров.

СДСМ покрена иницијатива, објектот на Македонската опера и балет во иднина да го носи името на Киро Глигоров. Пратеникот Андреј Петров од СДСМ рече дека тоа ќе биде скромен чекор во однос на „грандиозната улога и влог со кои не задолжи
претседателот Глигоров“.

„Очекуваме дека Владата ќе ја прифати оваа иницијатива и сите заедно ќе ја спроведеме“, рече тој.

Петров вели дека оваа генерација има обврска да го почитува и соодветно да го одбележи ликот и делото на своите современици кои со својот историски придонес овозможиле создавање на независна и самостојна македонска држава.

„Тоа е однос кон државноста, историјата и идентитетот. Патоказ за генерациите кои доаѓаат“, рече Петров.
XS
SM
MD
LG