Достапни линкови

Се одложуваат вонредните избори во Грција


Лидерот на Нова демократија Андонис Самарас нема да инсистира на избори во февруари.

Лидерот на Нова демократија Андонис Самарас нема да инсистира на избори во февруари.

Ќе се одложат вонредните парламентарни избори во Грција.

Кога во ноември беше формирана Владата на чело со Лукас Пападимос, беше договорено вонредните избори да се одржат на 19 февруари следната година. Доколку се испочитува тој рок Парламентот би требало да се распушти кон средината на јануари и сите активности во земјата би се насочиле кон предизборната кампања.

По средбата со премиерот Пападимос, лидерот на Нова демократија Андонис Самарас нагласи дека нема да инсистира изборите да се одржат кон средината на февруари, со цел на преодната Влада да и се даде шанса да ја извлече земјата од должничката криза.
XS
SM
MD
LG