Достапни линкови

logo-print

Четворица загинати во нападите во Белгија


Четворица луѓе загинаa, а повеќе од 60 се повредени, кога еден напаѓач почнал да пука и фрлал рачни бомби на автобуска станица во центарот на Лиеж во источна Белгија.

Јавниот обвинител Даниел Рејндерс изјави дека имало само еден напаѓач и дека тој бил меѓу загинатите. Претходно, медиумите објавија дека имало најмалку двајца напаѓачи.

Белгиската новинска агенција Белга објави дека напаѓачот е 32-годишен маж. Напаѓачот, идентификуван како Нордин Амрани во 2008 година бил обвинет за нелегално поседување на огнено оружје како дел од криминална банда.

Се уште не се соопштуваат мотивите, но Рејндерс изјави дека не се работи за терористички напад.

Нападот се случил во близина на градскиот суд и преполниот божиќен пазар.

Министерот за домашни работи Жоел Милке ги прекина разговорите во ЕУ и отпатува во Лиеж. Белгискиот министер за внатрешни работи Петер Мертенс во Брисел изјави дека на помош биле повикани и медицински тимови од соседна Холандија.
XS
SM
MD
LG