Достапни линкови

Мониторинг на локалната самоуправа во Македонија


Делегација на Конгресот за локални и регионални власти на Советот на Европа, од денеска до 7 декември ќе престојува во Македонија во мониторинг мисија на локалната и регионалната демократија. Делегацијата има за цел да го разгледа начинот и степенот на исполнувањето на обврските преземени од Македонија со ратификацијата на Европската повелба за локална автономија во 1997 година. За време на престојот во Македонија, делегацијата ќе се сретне и со членови на парламентарните комисии, претставници на Уставниот суд, Народниот правобранител, како и со неколку градоначалници.
XS
SM
MD
LG