Достапни линкови

ОН го осуди владиното насилство против демонстрантите во Сирија


Убиен демонстрант во Хомс.

Убиен демонстрант во Хомс.

Комитетот за човекови права на ОН денеска донесе резолуција со која го осуди крвавото задушување на протестите во Сирија. За резолуцијата, која беше поддржана од западните земји и од голем број арапски земји, гласаа 122 држави, 13 беа против, а 41 воздржана. Во резолуцијата се наведени низа прекршоци од страна на сириските власти – произволни егзекуции, прекумерна употреба на сила, убиства и прогон на демонстранти и активисти за човекови права, произволно притворање, протерувања и тортура на затвореници, вклучително и деца. Сирискиот амбасадор во ОН, Башар Џа’афари го нарече текстот на резолуцијата „прогласување на војна“.
XS
SM
MD
LG