Достапни линкови

logo-print

Растерани „Окупаторите“ на Вол Стрит во Њујорк


Демонстрантите што не сакаа да го напуштат Зукоти Паркот во Њујорк беа приведени.

Демонстрантите што не сакаа да го напуштат Зукоти Паркот во Њујорк беа приведени.

Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг изјави дека јавното здравје и безбедност имаат предност пред слободата на говор.

Њујоршката полиција ги избрка демонстрантите против финансиската нерамноправност од движењето „Окупирај го Вол Стрит“ од градскиот плоштад Зукоти Парк, што тие го окупираа уште во средината на септември. Паркот стана епицентар на движењето против финансискиот систем од кој, според демонстрантите, најмногу профитираат корпорациите и богатите.
Од почетокот велев дека градот има две главни цели: Да го гарантира јавното здравје и безбедност и да им ги гарантира на демонстрантите правата од Првиот амандман[за слобода на говор заб.]. Но кога овие две цели дојдоа во судир, здравјето и безбедноста на граѓаните и на наделжните(полиција, противпожарна служба, итна помош), мораше да бидат приоритетни.

Полицијата го опколи местото и ги размонтира шаторите поставени во областа. Паркот беше исчистен од шаторите до разденување. Демонстрантите што не сакаа да го напуштат местото беа приведени.

Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг изјави дека демонстрантите може да се вратат, но шаторите мора да бидат отстранети. На прес-конференција во Њујорк, тој рече дека областа станала нехигиенска и опасна и оти морала да се исчисти.

„Од почетокот велев дека градот има две главни цели: Да го гарантира јавното здравје и безбедност и да им ги гарантира на демонстрантите правата од Првиот амандман[за слобода на говор заб.]. Но кога овие две цели дојдоа во судир, здравјето и безбедноста на граѓаните и на наделжните(полиција, противпожарна служба, итна помош), мораше да бидат приоритетни“, изјави градоначалникот на Њујорк.

Движењето „Окупирај го Вол Стрит“ поттикна слични протести ширум САД, но и во светот.

Растерувањето на демонстрантите во Њујорк доаѓа откако ден претходно полицијата ги отстрани шаторите на демонстрантите од Оукленд во Калифорнија.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG