Достапни линкови

Турција протестира против нападот врз нејзината амбасада во Дамаск


Средба меѓу сирискиот претседател Башар Ал Асад и турскиот шеф на дипломатиојата Ахмет Давутоглу во Дамаск на 9 август 2011 година.

Средба меѓу сирискиот претседател Башар Ал Асад и турскиот шеф на дипломатиојата Ахмет Давутоглу во Дамаск на 9 август 2011 година.

Турција повика висок сириски дипломат за да му изрази протест против синоќешните напади врз турските дипломатски мисии во Сирија. Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека му ја врачило официјалната протестна нота на сирискиот вршител на должноста во амбасадата, во која инсистира на заштита на турските дипломатски мисии во Сирија. Анкара, исто така, бара напаѓачите да се идентификуваат и предадат на правдата.

Турција веќе испрати авион, што ќе ги евакуира семејствата на дипломатите и помошниот персонал и ги повика своите граѓани да ги избегнуваат патувањата до Сирија.

Толпа од околу 1.000 лица синоќа ја нападнаа турската амбасада во Дамаск, фрлајќи камења и шишиња, само неколку часа откако Арапската лига соопшти дека го замрзнува членството на Сирија се додека не запрат крвопролевањата. Турција не е член на лигата, но ја поддржа одлуката.
XS
SM
MD
LG